-
2024 D&D Dungeon Master’s Screen
01.500,00 денСите очи се вперени кон D20. Змејовите ја чуваат, а дружината надежно ја бара, свесни дека секој рол е судбински.
Во срцето на секоја епска авантура стои Dungeon Master-от, креаторот на приказните и навигаторот низ непознатото, а Dungeon Master’s Screen 2024 му носи една нова димензија.
Овој четири-панелен скрин, со спектакуларна панорамска сцена од Joy Ang, ги прикажува сите основни класи од петтата едиција на Dungeons & Dragons, сервирајќи визуелна магија на масата. Убавината не е составна само во неговата надворешност. Внатрешноста е внимателно дизајнирана, базирана на десет години повратни информации од Dungeon Master-и, за да ги обезбеди најкорисните информации. Секако дека и зад овој скрин, вашите белешки и резултати на сроланите коцки остануваат скриени, како иненадувањето би било комплетно неочекувано.
Без разлика дали сте ветеран во улогата, или пак newbie со соништа за епски битки, Dungeon Master’s Screen 2024 останува ваш штит од хаосот, оружјето за незаборавни приказни и клучот за моменти кои и те како ќе се раскажуваат долго.
-
2024 Dungeon Master’s Guide
02.880,00 денСценава: играчите се на раб на столиците, очите се вперени во тебе, воздухот тежи со неизвесност. Со изговорен збор обликуваш свет, оживуваш историја, испишуваш судбина. Dungeon Master’s Guide 2024 е алхемија на фантазијата, дизајнирана да те обликува во легендарен раскажувач.
Ова ново издание ги преобликува темелите на играта, овозможувајќи креација на незамисливи авантури со голема леснотија и длабочина. Ова е твојот клуч за епски приказни кои играчите ќе ги паметат многу долго по последната фрлена коцка.
- Бастиони: Заборави ги едноставните кампањи. Со новите правила за Бастиони, играчите добиваат можност да создаваат и водат свои бази – места на моќ, интрига, стратегија. Дали тврдина ќе биде засолниште или симбол на амбиција? Зависи од тебе.
- Нови магични ајтеми: Со над 400 преработени и нови магични ајтеми, предмети кои носат надеж, или менуваат реалност, секој чекор во приказната може да биде почеток на една незаборавна приказна… или катастрофа, можностите се бескрајни.
- Враќање во Greyhawk: Оваа легендарна поставка е повторно оживеана, детално, со мапи и моменти кои носат чувство на она како е да се биде дел од нешто поголемо од нас.
- Совети за совршена нарација: Без разлика дали станува збор за комбат или бустање на политичка интрига, тука се техниките за менување на обичните сцени во спектакуларни моменти.
- Енциклопедија на идеи: Со нови алатки за брза инспирација, секоја игра станува уникатна. Од митолошки ликови до структури на заговори, сè е подготвено и чека.
Dungeon Master’s Guide 2024 е револуција. Трансформира обичен собир во епска легенда.
-
2024 Dungeon Master’s Guide – Alt Cover
02.880,00 денВо ова алтернативно издание на Dungeon Master’s Guide 2024, магијата на раскажувањето се спојува со уметноста на дизајнот. Со ексклузивна корица што го доловува духот на мултиверзумот – мистериозна, интригантна, и полна со детали што зборуваат за величественоста на твојата улога на DM – ова издание e изјава.
Дизајнирана за вистинските мајстори на занданите и колекционерите, ова издание ја комбинира моќта на фантазијата со елеганција. Од моментот на првото отварање, веќе сме дел од нешто поголемо – авантура што започнува од нејзините корици и продолжува во светот кој го обликуваш.
Сценава: играчите се на раб на столиците, очите се вперени во тебе, воздухот тежи со неизвесност. Со изговорен збор обликуваш свет, оживуваш историја, испишуваш судбина. Dungeon Master’s Guide 2024 е алхемија на фантазијата, дизајнирана да те обликува во легендарен раскажувач.
Ова ново издание ги преобликува темелите на играта, овозможувајќи креација на незамисливи авантури со голема леснотија и длабочина. Ова е твојот клуч за епски приказни кои играчите ќе ги паметат многу долго по последната фрлена коцка.
- Бастиони: Заборави ги едноставните кампањи. Со новите правила за Бастиони, играчите добиваат можност да создаваат и водат свои бази – места на моќ, интрига, стратегија. Дали тврдина ќе биде засолниште или симбол на амбиција? Зависи од тебе.
- Нови магични ајтеми: Со над 400 преработени и нови магични ајтеми, предмети кои носат надеж, или менуваат реалност, секој чекор во приказната може да биде почеток на една незаборавна приказна… или катастрофа, можностите се бескрајни.
- Враќање во Greyhawk: Оваа легендарна поставка е повторно оживеана, детално, со мапи и моменти кои носат чувство на она како е да се биде дел од нешто поголемо од нас.
- Совети за совршена нарација: Без разлика дали станува збор за комбат или бустање на политичка интрига, тука се техниките за менување на обичните сцени во спектакуларни моменти.
- Енциклопедија на идеи: Со нови алатки за брза инспирација, секоја игра станува уникатна. Од митолошки ликови до структури на заговори, сè е подготвено и чека.
Dungeon Master’s Guide 2024 е револуција. Трансформира обичен собир во епска легенда.
-
2024 Player’s Handbook
02.880,00 денЗамисли… херојот стои на прагот на целосно нов свет. Правилата се нови, секој чекор што го прави е поткрепен со нова сила, секоја искастана магија е испишана на страниците на книга што ја менува фантазијата. Player’s Handbook 2024 е патоказ, клучот од портите кон новата ера во Dungeons & Dragons, полна со можности, визии и нови, бескрајни приказни.
Ова е издание што не прашува би направиле, туку што би создале. Секој збор, илустрација, нова механика, поттикнува да не останеме само играч, туку и раскажувач, творец, херој.
- Класи: Ревидирани, ажурирани, дотерани, подготвени. Од интелигентниот Wizard до неуморниот Barbarian, секоја класа веќе доаѓа со нова слобода, нова длабочина и бесконечни начини да за дефинирање на ликот.
- Раси: Дали божествени Aasimar, масивен Goliath, или непоколеблив Orc? Со проширени опции, приказна започнува онаму каде нашата фантазија завршува – на работ на невозможното.
- Спелови: Над 400, вклучувајќи 30 сосема нови! Ова издание ги руши ограничувањата на магијата.
- Експертиза: Заборави на обично замавнување со Greatsword. Oружјето е веќе тактика, вештина, уметност. Новите механика носат опасни, непредвидливи стратегии.
Ова не е само правилник. Player’s Handbook 2024 е книга што ги поставува темелите за светот што ќе го создадеш. Организирана со јасност и инспирирачка уметност, секоја страница е сведок на нашата креативност. Кантрип го има првиот примерок на правилникот во Македонија, и ова е шансата судбината на твојот херој да започне тука.
-
Acquisitions Incorporated
02.880,00 денДобредојдовте во светот каде авантура не се започнува само за слава и богатство туку и за корпоративен успех! Acquisitions Incorporated нè носи во The Office од магиска природа, во свет на ексцентрична канцелариска култура, хаотични договори и деловни експанзии кои можат да бидат подеднакво непријатни како било кој комбат.
Кој е Мајкл Скот, а кој Двајт Шрут во ова магично претпријатие? Кој е Decisionist, Documancer, или дури Hoards Person? Без разлика, секоја позиција носи свои способности, а целта е бизнисот да биде профитабилен.
Наша задача не е само да преживееме во подземјето, туку и да го прошириме влијанието на Acquisitions Incorporated. Со успешно завршен таск, отвораме нови филијали, го дуплираме бројот на деловни партнери, и се соочуваме со конкурентски фирми кои имаат свои… не баш етички методи за деловен раст.
Системите за управување со ресурси, инвестиции, и корпоративни сплетки, ни наметнуваат правила за тоа како треба еден успешен директор да се однесува и од колкаво значење се деловните способности, и покрај борбените.
Добро ќе беше монстерите да ни се единствен предизвик. Деловни битки ни се управувањето со работна сила, намалувањето на деловните трошоци и склучувањето договори со сомнителни партнери кои е јасно дека ќе доведат до нови конфликти. Ние ветуваме деловен успех, а конкуренција демне.
Заклучокот е селден: Acquisitions Incorporated е влез во корпоративна магија со голема доза на деловни апсурди.
И сега што? Ќе правиме ли магична империја, или ќе ја ликвидираме фирмата?
-
Adult Brass Dragon – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
06.370,00 денМитски и величествен, овој Adult Brass Dragon е симбол на мудрост, моќ и златна енергија. Brass Dragons не се само обична огнена сила – тие се чувари на знаењето, љубопитни и полни со приказни.
Овој змеј чека да биде обоен според вашата фантазија. Претходно подготвен за обработка, идеален е за оние кои сакаат да внесат сопствен стил и уметност во своите авантури.
Дали ќе му дадете златно-бронзен сјај или ќе го трансформирате во нешто уникатно? Без разлика, тој ве чека да му дадете живот, и со своите распослани крила да стане централната фигура во вашата D&D колекција.
-
Animated Acid Breath – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
0610,00 денЗабрефта ли Acid Breath – никој не е безбеден. Ова е совршен пример на деструктивната моќ на ацидниот змеј и неговата способност.
Оваа епска минијатура, подготвена за бојадисување, ни овозможува да го наметнеме личниот стил на овој анимиран момент на чисто уништување.
Со детализирани елементи и течна киселинска избивна форма, Animated Acid Breath е битен елемент на распосланата D&D маса.
-
Apple Red – Eclipse 11
0930,00 ден“In the dance of blood and shadows, I tread the line between life and death. My blade is my bond, sealed with sacrifice, every drop of blood a promise to hunt the darkness. I harness the crimson tide within me, and with each strike, the curse strengthens, my purpose sharpens, and the hunt continues.”
Создадени од Order of the Profane Soul, овој аркански кит како да пулсира со примордијална магија. Длабок, црвен сјај ја отсликува секоја пролеана капка крв како би се задржал балансот меѓу животот и смртта. Во рацете на Blood Hunter, каде секој рол би бил врска меѓу телото и магијата, моќта на оној кој се осмелува да трага низ темнината, ќе сјае.
Овие коцки се не само ваши сојузници, туку ваше огледало – носат подеднаков интензитет и фокус на магијата на крвта во секоја битка.
-
Archdevils: Hutijin, Moloch, Titivilus – D&D Icons of the Realms
05.020,00 денА да размислиме два пати во врска со овие монструми никнати од Nine Hells?
Плановите, амбициите и предавствата на овие Archdevils не се мерат во години, туку во милениуми.
Hutijin е десната рака на Asmodeus, и неговото непоколебливо оружје за пропаст. Големината и силата му се повеќе од доволни, но вистинската опасност доаѓа од неговата интелигенција и способноста да командува пеколна армија.
Titivilus е мајстор на зборот и манипулацијата. Неговиот златен јазик е опасно оружје, способно да ги сврти дури и најлојалните сојузници едни против други. Да не го потценуваме ни малку – да не си го потпишеме сопственото уништување.
Moloch е некогашен лорд на Stygia, чие проклетство и пад како да му дадоа многу поголема моќ. Неговата големост во Nine Hells му даде можност да изгради сила што чека да се ослободи во вистинскиот момент. Moloch не простува – само чека.
-
Arctic White – Eclipse 11
0930,00 ден“In the stillness of the frozen air, I find clarity. The world slows, the frost whispers, and my ki flows like the cold winds of the mountain peaks. I am both the calm before the storm and the strike of winter’s chill.”
Во Citadel of the White Worm, сместена на непристапните врвови на Earthspur Mountains, овие коцки се обликуваат со чистота, дисциплина и огромна концентрација. Во рацете на Monk, Way of the Four Elements, толку лесно се канализира нивната кристална моќ, менувајќи го ударот во ледена експлозија. Прецизноста и контролата се она што посебно ги краси, како Монкот би можеч многу лесно да го одржи балансот меѓу елементите.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на дисциплината и моќта што се крие зад секој внимателен и прецизен удар.
-
Baldur’s Gate: Descent Into Avernus
02.880,00 денДобредојдовте во Baldur’s Gate — град каде секој агол има тајна, секој сојуз е привремен, и секоја наклонетост има своја цена. Но, оваа приказна не завршува низ калливите улици на метрополата, туку таму започнува и оттука, води директно надолу — во првиот круг на Nine Hells of Baator: Avernus.
Descent Into Avernus е бавно, пеколно спуштање во местото каде што ѓаволите преговараат со искреност, а надежта е брзопотрошна валута. Ќе бидеме ли доволно откачени, или изгубени, за да склучиме пакт кој би го спасил градот? Ќе собереме ли доволно храброст да се пресретнеме со криминални фракции, политички маневри и стари должници што доаѓаат по наплата?
Ќе преживееме ли низ огнените пустини на Avernus – светот изграден од болка, оган и бескрајна војна меѓу ѓаволи и демони? Бидејќи Avernus не е… амбиент. Avernus е тест на моралот. И токму таму нè остава камањата: пред пеколни искушенија, пред избор кој не е воопшто едноставен.
Секој дел од книгата е дизајниран да нè втурне во свет каде што правилата се менуваат, а доблеста е дефицитарна стока. Ова е приказна за падот… и можеби, токму затоа, за спасот.
-
Bard’s Lagoon
01.000,00 ден“By the lagoon’s edge, where melodies dance with the whispers of twilight, stories are born, and legends take their first breath.”
Кога бард се кваси во тишината на лагуната, каде водата, до тој момент, мирно го одразувала ноќното небо, речиси секогаш би пуштил еден магичен мелос од самото задовоство и би ги разбудил дури и најдлабоките слоеви на природата, би ја оживеал лагуната, би ја променил бојата на водата и би ја инспирирал до степен да започне да го апсорбира звукот. Со таа помисла и се родија Bard’s Lagoon – коцки инспирирани од моментот кога природата попушта на магичниот мелос.
И, најинтересно е тоа што сметаме дека овие коцки би требало да се чуваат понастрана од бардови, бидејќи бласт од хаос несомнено би следел. Па затоа нека бидат за сите кои воопшто ја носат силата на инспирацијата, чии зборови менуваат реалност, чии ветувања и заклетви траат – за оние кои вистински ја чувстуваат моќта на магичниот момент.
Bard’s Lagoon не се само коцки – тие се одраз на свет полн со приказни, каде секој рол е нов бран, нов мелос, нова легенда, и секоја авантура е подлабока, поблескава и комплетно ваша.
-
Black Grey/Green – Gemini, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“In the shadows, truths are spun,
Roll these dice, and watch them run.
Green like envy, black like night,
Trust them wisely—they bite.”
Идеални за:
Shadow Blade – дефинивен хит со мрачното сечило зацврстено во раката, создадено од совршени сенишни нишки;
Stealth – сенка сте, и сами не би се заприметиле;
Greataxe – тежок удар што би пресекол темнина;
-
Blood Waltz
01.000,00 ден“Strength is not given; it is claimed, forged in blood and tempered in resolve. To wield it, you must be willing to bleed.”
Blood Waltz пулсираат во ритам на решителност, создадени за оние што разбираат една вистина – силата доаѓа по цена, а цената е крв. Со транспарентна основа и длабоки црвени виори налик на размрдани артерии, овие коцки ја отсликуваат борбата на Blood Hunter-от.
Совршени се за овие посебни поединци кои ја користат хемокрафт магијата при пресметки со противници кои останатите се плашат дури и да ги именуваат. Секој рол е момент на храброст, секој број – потсетник на жртвата што е неопходна за успех. Со Blood Waltz, Crimson Rites и Blood Curses се прецизни, немилосрдни, а со нив и вие.
Овие коцки не се само алатка – тие се сведоци на приказните испишани со крв. Ако сте подготвени да платите со својата сила за да ја освоите, Blood Waltz е вашиот идеален сојузник.
-
Borealis Midnight/Copper, 7-Dice Set (with bonus die)
0780,00 денОва се коцки за играчи кои велат дека немаат план, и потоа ролаат како да го имаат распишано во три тома.
Сетот и како полноќ која решила да се дотера и да излезе – самоуверена, длабока, недостижна, со бакареј сјај за кој тврди дека е природен, а сите знаат дека не е.
Секоја фрлена коцка личи како да поминала премногу време во Grimdark кампања и сега има став од типот, „Баш и нема да ти се допадне резултатот“.
Midnight/Copper не е за чувствителните, туку за оние кои го гласно го мразат понеделник, го почитуваат хаосот, и се смеат кога DM-от ќе се насмевне и потпраша, „Сигурен си“?
Бонус d6-ката е астрален подарок, без типично објаснување и типично сомнителен.
-
Borealis Passion/White – Luminary 7-Dice Set (with bonus die)
0780,00 денОвој сет изгледа како charm spell од тип што некој DM категорично би го забранил. Провидно розеви, со бел блесок кој во темнината како да вели, „Да, јас сум твојата нова омилена d20, не се прави дека не гледаш“.
Passion/White е tough and tender комбинација – излгеда невино, со сјај кој ветува многу проблеми. Ги користат шармантните додека прават одлуки поради кои останатите остануваат да се прашуваат дали стварно ова беше најдобрата идеја.
Не беше. Но, многу добро изгледаше.
Блескавиот ефектот им дава вкус на магија која никој не ја контролира — светнуваат во темница како sending кој некој го испратил по грешка, а сите се вклучени во пораката.
А бонус коцката? Таа е за чекор понапред, за играчи чиј рол може да предизвика политичка криза во Waterdeep.
-
Borealis, Luminary Icicle – Light Blue, 7-Die Set
0680,00 ден“In the heart of the storm, I see the light of the frozen stars. It is there, in the glow of the ice, that I find my strength. My enemies shall shatter like glass beneath the claws of the Blue Bear Tribe.”
Исковани во длабочините под Spine of the World, овие коцки ја носат моќта на развиорената зимска бура. И токму во рацете на Variant Human, Barbarian кој го следи патот на тотемски воин, канализираат сурова, незапирлива сила. Влегувате во Rage и духот на Сината Мечка е со вас на секој рол, носејќи ве до следниот Reckless Attack, смачкувајќи BBEG како мразот под нозете.
Овие коцки, не се обична алатка – тие се вашиот Greataxe, тие се вашата неизбежна победа во комбат.
-
Borealis, Luminary Light Green – Gold, 7-Die Set
0680,00 ден“In the heart of the forest, beneath the ancient boughs, I feel the pulse of nature’s endless cycle. In the shimmer of the leaves and the glow of the moon, my power flows from the earth itself. With every step, the wilds shift and the beasts answer my call.”
Во џиновски дворец кој виси на масивно дрво во центарот на Feywild, летната кралица, Titania, ги креира овие коцки. Ги обликува многу лесно, но ги потопува со магијата наоколу, преполна со растенија, цвеќиња, свила и по некој конец од ткаенината на разлетаните самовили. Во рацете на Wood Elf, Druid од Circle of the Moon, моќта би излетала од нив.
Овие коцки не се само алатка – тие се дар од кралицата, симбол на магиското наследство на природата и ваш сојузник во битките под зракот на Месечината.