-
DM’s Bag: Collector’s Edition (Blue Dragon) | ENHANCE
07.700,00 денОваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.
Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.
Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.
И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.
-
DM’s Bag: Collector’s Edition (Dragon Silver) | ENHANCE

Dracohydra – D&D Fizban’s Treasury of Dragons
08.500,00 денСоздадена со мрачно и магично експериментирање, Dracohydra е жив доказ за амбицијата на оние кои целат кон реинкарнација на моќта на Tiamat. Комбинирањето на магијата на хроматските змејови со крвта на хидрата резултира во ова повеќеглаво, крилесто, гламурозно чудовиште со неколку опашки, кое не носи добри вести.
Dracohydra блуе маса на мултиколорна енергија која ја содржи елементалната моќ на секој хроматичен змеј. Секој здив е како удар од повеќе змејови во едно. Колку е важно да не ја изгубиме надежта ако се пресретнеме со неа.
Нека оваа гигантска фигура ја збогати нашата D&D маса, а најдобро би било да седи настрана во амбиентот, како украс.
-
Draegloth – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
0610,00 денDraegloth, драо-демоник хибридот, е чиста сила на уништување. Овој огромен ѕвер е симбол на суровата моќ на Underdark, и неговото присуство сее ужас. Со четири раце и демонски канџи, тој разнесува хаос каде и да се појави.
Сега Draegloth е пред вас, подготвен да биде обоен и дарен со живот.
Оваа минијатура е подготвена за бојадисување, дозволувајќи бројни комбинации и уметнички визии, правејќи го Draegloth битна фигура во авантурата низ кралството на Lolth.
-
-
Dragon Delves (D&D Adventure Anthology)
03.330,00 денЗамисли врата. Ама замисли ја величенствено, оти зад неа чека свет каде змејовите се почеток. Е сега, замисли десет такви врати, оти Dragon Delves ти нуди токму толку.
Во повеќето авантури, змејот е крјот. Точката. Кулминацијата. Но, Dragon Delves ја превртува таа логика и го става онаму каде смета дека отсекогаш му било местото: змеј не е крајот – змеј е целиот континент.
Секоја авантура во оваа антологија е мало кралство изградено околу личноста на својот змеј. Не пештера — психологија. Не лавиринт — доктрина. Секој змеј создава свет кој го отсликува – од мрзливи, накострешени зелени змејови кои режираат хаос како аматерски театар, до колоси кои ти го мерат секој чекор како да решаваат равенка старa илјадници години.
Dragon Delves не е само серија битки, туку одговори на задолжителни прашања:
– Што значи да преговараш со нешто што те смета за незначителен?
– Колку далеку ќе одиш за богатство што можеби не постои?
– И дали на крајот ќе сфатиш дека најголемото богатство е приказната што преживеала?Визуелниот идентитет на книгата е посебен блесок: десет делови, секој илустриран во стил кој го отсликува змејот домаќин.
Ова не се само авантури — 0ва се десет книги во една, десет авторски енергии споени во една антологија.
-
Dragon Delves (D&D Adventure Anthology) – Alt Cover
03.330,00 денАлт-кавер изданието на Dragon Delves не изгледа како книга што се купува — туку како книга што те избира. Корицава без би стоела на пиедестал во змејска ризница, со релјеф кој вели дека книга не е само антологија, туку релик што преживеал премногу авантури за да биде обичен.
Замисли врата. Ама замисли ја величенствено, оти зад неа чека свет каде змејовите се почеток. Е сега, замисли десет такви врати, оти Dragon Delves ти нуди токму толку.
Во повеќето авантури, змејот е крјот. Точката. Кулминацијата. Но, Dragon Delves ја превртува таа логика и го става онаму каде смета дека отсекогаш му било местото: змеј не е крајот – змеј е целиот континент.
Секоја авантура во оваа антологија е мало кралство изградено околу личноста на својот змеј. Не пештера — психологија. Не лавиринт — доктрина. Секој змеј создава свет кој го отсликува – од мрзливи, накострешени зелени змејови кои режираат хаос како аматерски театар, до колоси кои ти го мерат секој чекор како да решаваат равенка старa илјадници години.
Dragon Delves не е само серија битки, туку одговори на задолжителни прашања:
– Што значи да преговараш со нешто што те смета за незначителен?
– Колку далеку ќе одиш за богатство што можеби не постои?
– И дали на крајот ќе сфатиш дека најголемото богатство е приказната што преживеала?Визуелниот идентитет на книгата е посебен блесок: десет делови, секој илустриран во стил кој го отсликува змејот домаќин.
Ова не се само авантури — 0ва се десет книги во една, десет авторски енергии споени во една антологија.
-
Dragon Shield, Player Companion – Blood Red
03.580,00 денКрваво црвен, како трага на битка останата на оружјето на легендарениот херој, Companion-ов зрачи со мистерија и моќ, и повикува на следна судбоносна авантура.
Elminster рекол: „Не смееш да го потцениш значењето на добра организација во хаосот на битката“. Е тука овој Companion блеска.
Изработен со издржливоста на речиси вистински Dragon Skin, овој Companion не е само кутија. Со простор за минијатури, коцки, моливи, cahracter sheets, мобилни, таблети, ни овозможува сè да ни е прегледно, без разлика дали сме во комбат со опасен монстер или во дискусија за решавање на политички интриги во Waterdeep. Време e за Greatsword, Eldritch Blast, Perception, Action, Slight of Hand, Athletics, и пријателов се претвора во dice tray на critical hits.
Си го поставуваме карактерниот лист под феноменално обмислена транспарентна покривка за многу лесно следење на HP и секакви податоци од важност. Грешките се веќе небитни – бришеме и продожуваме.
Со сатенската внатрешност и силен магнетен затворач, е спремен да го издржи секое патување – без разлика дали е низ Underdark, или Icewind Dale.
-
Dragon Shield, Player Companion – Iron Grey
03.580,00 денСо челично сива нијанса, како оклоп што претрпел безброј битки, овој Companion зрачи со одлучност.
Elminster рекол: „Не смееш да го потцениш значењето на добра организација во хаосот на битката“. Е тука овој Companion блеска.
Изработен со издржливоста на речиси вистински Dragon Skin, овој Companion не е само кутија. Со простор за минијатури, коцки, моливи, cahracter sheets, мобилни, таблети, ни овозможува сè да ни е прегледно, без разлика дали сме во комбат со опасен монстер или во дискусија за решавање на политички интриги во Waterdeep. Време e за Greatsword, Eldritch Blast, Perception, Action, Slight of Hand, Athletics, и пријателов се претвора во dice tray на critical hits.
Си го поставуваме карактерниот лист под феноменално обмислена транспарентна покривка за многу лесно следење на HP и секакви податоци од важност. Грешките се веќе небитни – бришеме и продожуваме.
Со сатенската внатрешност и силен магнетен затворач, е спремен да го издржи секое патување – без разлика дали е низ Underdark, или Icewind Dale.
-
Dragon Shield: Dice Companion – Blood Red
02.200,00 денBlood Red не е боја, туку предупредување.
Dice Companion – Blood Red не е за оние кои се надеваат на добар рол. Туку за оние кои го диктираат резултатот. Фрлаш d20 во него. Звукот е осуда. Казна. Одлука што ќе ги запали колоните на сесијата.
Изработен од Dragon Skin™, оваа кутииште сместува сè што ти треба: шест комплети коцки, минијатури, белешки од претходни средби, траги од магии кои некој кутар, беспомошен NPC… нема да ги преживее. Внатрешниот сатен? За разлика од тебе – е милостив.
Сè е во ред.
Сè е таму каде што треба да биде.
Сè е подготвено. -
Dragon Shield: Dice Companion – Iron Grey
02.200,00 денОвој Dice Companion: Iron Grey, можеме со комплетна слобода да го земеме во предвид како артефакт. Откако прв пат во него се фрлила d20, на оваа импонзантна, сјајна, сатенска подлога – светот се исплашил. И така почнало сè.
Dice Companion: Iron Grey е за играчи кои правилата ги заобиколуваат, но со стил. Да ја отвориме како клерик во момент на кастање Bestow Curse. Внатре – местото за коцки, минијатури, тајни, грешки, планови – за сè што ти е потребно. Сè што никој друг не треба да знае.
Комбатот почнува и се претвора во арена. Фрлаш коцка во тишина – едноставно присутен е звукот на среќата што слетува. И никогаш не се тркала случајно. Секогаш… со цел.
-
Dragon Shield: Dice Companion – Midnight Blue
02.200,00 денНекои коцки, ја повикуваат магијата со збор. Ти ја повикуваш со d20 што слетува во тишина. Dice Companion: Midnight Blue е за играчи што знаат дека тишината има боја. Темна, како небо без месечина. Длабока, како мисла што сè уште не си ја кажал.
Изработен од Dragon Skin™, овој Companion е твојот ред, твојата скриена магија, твојот простор за коцки кои се однесуваат како сојузници. Внатре? Сатенска внатрешност, послана како ноќно небо – ја пригушува секоја вибрација, секоја несигурност. Место за шест комплети коцки. Минијатури. Белешки. Тајни. Клетви…
Сè е тивко. Сè шепоти. Не бара да биде забележано. Едноставно се појавува, и играта почнува да дише.
-
Dragon Shield: Game Master Companion – Iron Grey
04.850,00 денСекоја кампања носи свој, персонализиран хаос. Понекогаш доаѓа во форма на неочекувана одлука. Понекогаш, во форма на играч кој тргнал лево кога мапата води десно.
Game Master Companion: Iron Grey не се губи во паниката. Тој стои со исправен грб, тивок поглед и подготвено сценарио. Тоа си ти.
Не се фали – туку едноставно, функционира. Ги собира сите твои тајни мапи, стат блокови, карички за иницијатива, NPC табели, и ги заклучува со силата на магнетна прецизност. Внатре: простор за книги, минијатури, мапи, мобилни, таблети, за сè што е потребно за ДМ-аш без запирање — без хаос, без лов на белешки. Просторот е совршено организиран за она што треба да го сокриеш или пуштиш низ светот во вистинскиот момент.
-
Dragon Shield: Game Master Companion – Midnight Blue
04.850,00 денНе сите ДМи се слушнати. Некои се чувствуваат – во изборот на зборови, во начинот на кој тишината трае секунда подолго од што треба. Некои не креираат кампањи – ткаат реалност. И Game Master Companion: Midnight Blue, е создаден за нив.
Ова не е само складиште. Ова е олтар. Изгледа како артефакт заборавен во архива на арчмејџ, како алатка за контрола. Dry-erase површини, простор за карти, книги, и минијатури, за таблет или мобилен, поставен под идеален агол како кристална топка за информации што само ти ги гледаш, тајни прегради кои ги криеш од љубопитни погледи. Бојата? Длабока… како планот на твоето омилено NPC. Смирена… како темнината пред самиот endgame.
Ова не е придружник за секого. Ова е за оние кои не читаат на глас, туку ја шепотат приказната. Бидејќи Midnight Blue не е гласен. Тивко ги влече конците — и световите се покоруваат.
-
Dragon Shield: Game Master Screen – Blood Red
02.900,00 денЕ, пред овој ДМ скрин – се молчи. Не затоа заплашува – туку затоа што наговестува. Како портата на последната зандана. Како крвта што веќе се исушила на сечилото. Game Master Screen: Blood Red е тврдината од која го движиш светот.
Со боја на древна жртва, на скапоцена мастило, овој скрин е сведоштво за сите водени битки, и сите допрва покренати. Зад него се испишува судбина, се менува планот на херојот. Опасноста се чувствува, пред да настапи.
Со воена прецизност е организиран целиот простор. Стоиш зад него со мирна совест бидејќи ништо не е случајно. Сè е тука: скриено, подготвено, брутално јасно.
Blood Red не е за секој ДМ, туку за оној кој никогаш не прашува: „дали сте сигурни?“
-
Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Ashen White
01.650,00 денОвој спелбук се наследува.
Spell Codex: Ashen White, изгледа како да бил оставен во пепелта на заборавена битка, но внатре сè уште гори магијата на вечноста. Бојата потсетува на стар пергамент, на светлина која не заслепува, туку открива.
Ова е codex за мејџови кои не зборуваат гласно. За оние кои пишуваат формули како молитви. Секој spell card е заштитен и подготвен да биде повикан со тивок шепот или со последниот здив на некое затворено поглавје. Со Spell Slot Tracker и dry-erase маркерот, контролата е апсолутна – секој потег е пресметан, секој круг – запишан, секоја последица – предвидена.
Аshen White не бара внимание – енодставно го има авторитетот кој молчи. Штом се отвори, дури и боговите слушаат.
-
Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Forest Green
01.650,00 денОној кој ја познава природата знае: шумата зборува низ магија. И токму затоа, Spell Codex: Forest Green не е обична магиска архива, туку живо суштество никнато од срце на древно дрво, чувар на спомине кои се шепотеле во листовите, водата и корењата илјадници години наназад.
Носи го со себе кога ги врзуваш елементите, кога го насочуваш громот, кога ги повикуваш силите на шумата. Овој спелбук со корица во боја на стара лишајна кора, беспрекорно ќе ги чува, следи и бележи твоите спелови.
Ова не е кодекс за фенси мејџови. Ова е за оние кои чекорат боси преку росни ливади, чија внатрешност на наметките е хербариум – за оние кои знаат да ја приземат магијата директно од коренот на светот.
-
Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Iron Grey
01.650,00 денВо свет каде една правилно изговорена магија може да промени судбини, вистински мејџ нема простор за хаос. Во мудроста, прецизноста и брзината лежи неговата моќ. Dragon Shield Spell Codex: Iron Grey е токму тоа – лична архива на магии, изработена да го обликува секој маестрален потег.
Во рацете го држиш волтот на своето знаење: стилски, цврст, обложен со издржлив Dragon Skin™. Ова не е обична папка. Ова е твоето магично оружје, она што ги држи магиите блиску до срцето, подготвени за моментот кога најмногу ќе бидат потребни.
Со внатрешни џебови прилагодени за Spell Cards и посебен Spell Slot Tracker, со вклучен dry-erase маркер, подготовката за спас на светот (или негово комплетно срамнување со земја), стануваат жив процес – запишувај, менувај, планирај – магија дише со тебе.
Додека останатите спелкастери листаат низ книгите и белешките во моменти на хаос, ти, едноставно, го отвараш својот спелбук – и светот се прекројува по твоја волја.