-
Pop-Art Blue – Festive, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Pop art dice, bold and bright,
Perfect for those who play with might.
Mini in size but big in charm,
Roll with these, and you’ll do no harm… unless you want to.”
Идеални за:
Chromatic Orb – критикал хит со оваа аcid, cold, fire, lightning, poison или thunder енергетска сфера;
Deception – идеални за убедување на другиот дека сте нешто што апсолутно не сте;
Rapier – прецизен, брз и елегантен хит со стил и финеса;
-
Princes of the Apocalypse
02.660,00 денВо Princes of the Apocalypse, заканата доаѓа од природа која одеднаш почнува да се однесува како да има волја, намера… и бес. Ветрови пресекуваат камен, пожари се гасат единствено со молитва, земја се отвара како ѕвер, а пилимата надоаѓа кога никој не ја очекува.
Стихиите се развиорени и некој, или пак нешто, ги води.
Патот нè води низ Dessarin Valley, регион што изгледа мирно само за оние кои не гледаат подалеку. Под површината движат култови, секој посветен на еднa од четирите елементални сили – копаат, самонуваат, будат. И ако продолжат, стихиите нема да останат одделни.
Патуваме низ заборавени храмови, преговараме со преживеани, се соочуваме со ентитети кои изгледаат како дел од пејзажот сè додека не се помрднат. Битките ги тргаме настранана, бидејќи нашите истраги ни отвараат систем кој е многу поголем од човекот. Секој култ има своја логика, своја естетика, филозофија, и секој пат кога ќе си речеме дека ни е јасно, природата ни покажува дека апсолутно не е така.
И на крајот, кога светот почнува да заминува, прашањето не е како да победиме, туку како да ја преживееме победата.
Ова е приказна за оние кои ја сакаа реакцијата на светот на нивните одлуки.
-
Prism Translucent GM & Beginner Player 7-Die Set
0680,00 денКоцки чисти како совеста на нов играч…
Овој призмaтски сет е дестилиран од првата искра магија што млад визард случајно ја разбудил — светла, слатка, искрена, спремна да избербати многу планови.
Коцките се толку призрачни, елегантни, како на суптилен и безопасен начин да им велат на нови играчи, „Здраво-живо, добредојде, ова ќе боли, ама ќе биде фасцинантно“.
Идеални се за првите кампањи, за првот хаос, за првиот момент кога играчот сфаќа дека d20 е пријателот… сè до моментот кога ќе престане да биде.
-
Pumpkin Orange – Eclipse 11
0930,00 ден“I wield the flames as if they were an extension of my own will. From a spark, I can summon an inferno. With every spell, I shape fire, bend it to my desire, and watch as it consumes those foolish enough to stand in my path.”
Создадени низ Calim Desert, овие коцки ја одразуваат суштината на чистата магија на огнот. Во рацете на Wizard, School of Evocation, се неконтролирана сила, способна да разурне град или да прочисти пат низ пепелта. Секој рол е експлозивен бласт од енергија од кој трепери воздухот и самиот се прашува што се случило.
Овие коцки не се само алатка – тие пламеноот, огнот на идејата, извор на разорна моќ, во секој момент спремни за вистинска огнена бура.
-
Purple Teal/Gold – Gemini, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Arcane shimmer, secrets untold,
Roll these dice, watch magic unfold.
Colors vibrant, power’s near,
But tread with care—nothing is clear.”
Идеални за:
Eldritch Blast – неприкосновен рол за овој класичен Warlock спел со наплив на непредвидлива сила;
Investigation – веќе не постои детал кој не би го забележиле и ништо не останува мистерија;
Rapier – брз и фатален удар, прецизен и полн со стил;
-
Purple/White Translucent, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Purple gleam, mysteries unfold,
These dice are sharp, precise, and bold.
Small in size, but big in power,
Roll them right, this is your hour.”
Идеални за:
Magic Missile – да, дефинивен е хитот на овие магични ракетки, но за комплетно, максимално оштетување, не земјате D4 од другите, вртете ја оваа, колку пати и да е потребно;
History – оние случувања од дамнина, кои никој никогаш не смета дека се потребно да се запамтат, ќе ви дојдат во глава како да се случиле вчера
Hand Crossbow – минијатурен проектил, но испуштен во вистинкиот момент, без шанса да утне;
-
Q-Workshop | Advent Dice Calendar 2025
03.200,00 денОвој Advent Calendar служи како еден вид тренинг: секое утро, нова коцка, нова надеж, нова можност за многу голема шанса првиот рол за денот да биде натурал 20ка.
Ќе го земеме во предвид и како pre-session ritual со малку празнична магија, малку коцкарска терапија, малку, „E, оваа d12 ќе ја заврши цела работа”.
Зад секое прозорче демне по една коцка од Q Workshop декорирана од пекари од Feywild по нарачка од слаткарски гилд во Waterdeep, финансирана од некој кој многу сака коцки, но многу малку ги разбира.
И мислите ли дека постои човекот кој нема да го отвори целиот календар одеднаш?
-
Quests from the Infinite Staircase
03.460,00 денПостојат патеки кои водат кон непознати плејнови, но Infinite Staircase е пресек на сите можни светови, влез во енигматски универзуми каде времето е флуидно, а реалноста искривена. Вовлечени сме во мистериозно патување каде секое скалило отвора нова врата кон длабочини кои би ја преобликувале судбината на мултиверзумот.
Од градови на небесни острови до царства со кои владеат древни, заборавени богови, кој пат и да го одбереме ќе нè однесе кон неочекуваното и кон свет со нови закони кои би требало да ги почитуваме.
Демнат заборавени тајни и под површината, парчиња историја на цивилизации кои постоеле, фрагменти на знаење поврзани со самото потекло на сè. Не сите кои нè пресретнуваат на бескрајното скалило ни се пријатели. Некои го преминале секој закон на природата, ја предизвикале структурата на реалноста, не се дел од познат свет, туку рефлексија на нешто древно.
Нашата волја и перцепција се на тест. Се качуваме кон слава или пропаст. Моралните избори не се очигледни, а секогаш се од голема важност за судбината на авантурата.
Но, Quests from the Infinite Staircase е повеќе од обична авантура. Тоа е патување низ сржта на мултиверзумот, низ светови кои пркосат на сите закони на физиката и магијата.
Ќе успееме ли да го следиме патот на скалилото и да ги најдеме одговорите кои лежат на неговиот крај? Или судбина ни е засекогаш да останеме изгубени во неговата бесконечност?
-
Quests from the Infinite Staircase – Alt Cover
03.460,00 денОва алтернативно издание на Quests from the Infinite Staircase не само што отвора врата кон бесконечни светови, туку тоа го прави со стил што самиот по себе е уметничко дело. Kолекционерсково издание ја доловува мистеријата и магијата на бескрајното скалило, ветувајќи незаборавни авантури уште пред да го отворите. Создадено e за колекционери и оние кои тежнеат за нешто што е повеќе од приказна.
Постојат патеки кои водат кон непознати плејнови, но Infinite Staircase е пресек на сите можни светови, влез во енигматски универзуми каде времето е флуидно, а реалноста искривена. Вовлечени сме во мистериозно патување каде секое скалило отвора нова врата кон длабочини кои би ја преобликувале судбината на мултиверзумот.
Од градови на небесни острови до царства со кои владеат древни, заборавени богови, кој пат и да го одбереме ќе нè однесе кон неочекуваното и кон свет со нови закони кои би требало да ги почитуваме.
Демнат заборавени тајни и под површината, парчиња историја на цивилизации кои постоеле, фрагменти на знаење поврзани со самото потекло на сè. Не сите кои нè пресретнуваат на бескрајното скалило ни се пријатели. Некои го преминале секој закон на природата, ја предизвикале структурата на реалноста, не се дел од познат свет, туку рефлексија на нешто древно.
Нашата волја и перцепција се на тест. Се качуваме кон слава или пропаст. Моралните избори не се очигледни, а секогаш се од голема важност за судбината на авантурата.
Но, Quests from the Infinite Staircase е повеќе од обична авантура. Тоа е патување низ сржта на мултиверзумот, низ светови кои пркосат на сите закони на физиката и магијата.
Ќе успееме ли да го следиме патот на скалилото и да ги најдеме одговорите кои лежат на неговиот крај? Или судбина ни е засекогаш да останеме изгубени во неговата бесконечност?
-
Red/White Translucent, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Red as blood, with a deadly gleam,
These dice will make your enemies scream.
Small in size, but bold in might,
Roll them well, claim victory’s light.”
Идеални за:
Hellish Rebuke – подобро да не се осмелат да ви наштетат оти возвраќате со максимална пеклона одмазда;
Athletics – имате загарантирана, спектакуларна физичка доминација со секој рол;
Halberd – фатални се ударите со ова импонзатно, смртоносно оружје што би го пресекло и самиот воздух;
-
RPG Grid Mat – Campaign Kit
02.562,00 денШто и да стои пред нас – lich или заседа во шумите на Forgotten Realms, ваква алатка е потребна за создавање на тактичко ремек-дело. Да ја земеме во предвид како платно каде секој квадрат е потенцијална клучна точка за живот или смрт.
Големината од 91.44 cm x 60.96 cm, овозможува комплетно ожување на целата битка, од првиот тактички потег до последната фрлена коцка. Секој квадрат е совршено измерачен за да ги одреди границите на пресметките.
Четири dry erase маркери – црвен за bludgeoning damage, зелен за природни стапици, син за поморски закани и црн за мистериозни данџни – се комплетниот арсенал за создавање на сценарија.
Но, вистински херои се грижат и за деталите. Со dry eraser грешките или тактичките одлуки кои не одеа според планот, многу лесно ги снемува. На крајот, еден едноставен шприц од шишенцето, и мапата е спрена за нов ден и нови пресврти.
Сите елементи се спакувани во Battle Scroll Sleeve кој уредно ги чува сите ајтеми на безбедно.
Каде и да води авантурата, оваа мапа и нејзините инструменти стојат зад секој твој потег.
-
RPG Organizer (Black) – ENHANCE
06.250,00 денНоси сè. Не испушта звук. Изгледа закачувачки. И не е само организиран реквизит. Тврдина е.
Кога ќе ја допре масата, веќе е јасно – сесијата започна.
Овој организер не е за „ќе се снајдам“ играчи. Ова е за оние што носат сè: коцки, книги, мапи, spell cards, моливи, минијатури, дури и последната копија од договорот со арчдевилот. Внатрешноста е поделена прецизно, како добар план во најлош dungeon:
📚 Простор за 4 книги.
🎲 Организатор за коцки.
🗺️ Џебови.
✏️ Простор за лаптоп или таблет.И сè е прибрано под мека, црна обвивка — како сјајот на кожните ракавици пред моментот на убиството. Нема детали, нема шари, нема расеаност. Само чиста функционалност со став.
-
RPG Player’s Bag – Black
04.590,00 денОвaа длабока, црна, мистериозна торба го носи духот на ноќните авантури, подготвена да се стопи со сенките низ кампањата.
Ова е нашиот личен Bag of Holding.
Секој искусен авантурист знае дека вистинската сила не лежи само во Greataxe или Fireball, туку и во она што го носи со себе. Овде се нашите бележници, нашите спелбуци, нашиот аркана кит, нашето инвентори, нашата стратегија и агенда за патувањето низ секој предел на Forgotten Realms.
Изработката е магична, Dragon Hide – книгите, технологијата и карактерните листови се повеќе од безбедни. Кога и да ја отвориме е како да отвараме сеф на визард, со секоја преграда, секоја нишка, внимателно изработена за складирање на скролови. Како артефакт изваден од трезорите на Candlekeep, како чувар на историја, спремна да ги заштити тајните, и со едно одврзување на ременот, да ги распостеле мапите на Sword Coast, на Undermountain, на Icewind Dale, пред нас.
-
Ruby Rage
01.000,00 ден“Some colors whisper, others sing—but red demands. It commands attention, respect, and admiration.”
Ruby Rage се сила заробена во форма. Рубиновскава црвена, толку жива што изгледа како да пулсира, со искра која потсетува на соларен излив, ја носи магијата на животната енергија, незаузданата страст и неприкосновената доминација. Не шепотат за внимание, туку толку гласно го бараат, го наметнуваат! Не се ова коцки за скриените во сенките. Оној кој сака да ја промени приказната, да отави белег, да поттикне стравопочит, вистински ќе ги почувствува низ секој рол.
Пламенов што никогаш не гасне кој го нарекуваме Ruby Rage е привлечен од таква сила, од онаа на паладинот, чуварот на блесокот, од визардот кој би можел да ја исконтролира, или пак едноставно од авантуристот доволно храбрар да ризикува сè.
-
Scarab Scarlet/Gold, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Scarlet red, with gold inlaid,
These dice strike with fire and blade.
Small in size, but fierce in feel,
Roll them well, your fate is sealed.”
Идеални за:
Flaming Sphere – пеколниот пламен на огнената сфера без сомнеж ги проголтува одбраните;
Intimidation – сé трепери пред вашите фајсти присуство и сé излегува на виделина;
Battleaxe – како да замавнувате со оружје извадено директно од пламенот на ковачницата;
-
Showdown Setting: The Temple of Light – D&D Icons of the Realms
05.210,00 денВо бесконечноста на Astral Plane, каде светлината не е секогаш симбол на надеж, се издигнува Храмот на Светлината – сцена за епска пресметка помеѓу најмоќните фигури на Astral Elves. Тука, судбините на принцовите и принцезите се испреплетуваат во битка за моќ, чест и контрола.
Prince Xeleth, гордиот лидер е подготвен да ја брани својата кралска крв, а неговата сестра, Princess Xendalli, владее со светлината и многу умешно ја користи магијата. Prince Xavra, со своите сопствени амбиции, е подготвен да го заземе своето место на престолот, без оглед на жртвите. Тука е и мистериозниот Zodar, конструктот со застрашувачко присуство.
Војската на Astral Elves се подготвува за борба која ќе го обликува текот на иднината. Сето ова се одвива околу величествениот мистичен извор на енергија.
Покрај фигурите, пред нас лежи и детална мапа со приказ на Храмот на Светлината, идеален за спектакуларна, епска битка.
-
Smoke Gray – Eclipse 11
0930,00 ден“In the moments when light fades and darkness rises, I stand between the two, a guardian of the twilight. In the balance of dusk and dawn, I find my strength, where shadows are my shield and the night my guide.”
На самрак, во Tower of Twilight во Waterdeep, во преодниот зрак, кога граница помеѓу светлината и темнината е толку тенка, овие коцки се создаваат за да го запечатат токму тој моментот. Нивната сила најдобро би ја извлекол Cleric од Twilight Domain, најдобро би го отсликал овој миг меѓу денот и ноќта.
Овие коцки се повеќе од алатка – тие се одраз на посветеноста, грижата и присутноста во момент кога надежда се чини дека бледее со заминувањето на светлината.
-
Speckled Silver/Tetra, 7-Die Set
0390,00 ден“With a flicker of shadow and a twist of arcane energy, I am everywhere and nowhere. The city is my playground, its secrets mine for the taking. Watch closely, and you might just see a trick or two.”
Кога низ темните улици на Baldur’s Gate, каде подземјето владее со мистерија и магични артефакти, некој ти подаде вакви коцки и те убеди дека се магично создадени за тебе, не ги пропуштај! Arcane Trickster, оној кој магично владее низ сенките, може само да ужива во нивната непредвилива моќ, во комплексната измама, во тивкиот напад, во совладување на тајните на големиот град и неговите мистерии, сервирани во ролот.