-
Ghosts of Saltmarsh
02.880,00 денSaltmarsh… На прв поглед, мал и обичен приморски град, каде брановите го заледуваат крајбрежјето. Но, под мирната површина, морето шепоти. Тука не сме обични набљудувачи, туку дел од мрачната историја на градот, каде секоја одлука има можност да донесе нови закани од длабочините.
Оваа кампања го сервира Saltmarsh како никогаш досега – локација каде секоја улица има своја приказна, и секоја пирамида на хоризонтот крие повеќе од легендите раскажувани во пристанишните инови.
Од мистериозни заборавени бродоломи по патот до солените мочуришта што ги кријат тајните на одамна изчезнатите цивилизации, до напуштени светилишта премногу опасни за да останат незабележани – сé има огромна привлечност за да остане непрочешлано.
Тенки се границите и помеѓу световите. Морето е дом на многу повеќе од риби и корали. Суштества што не припаѓаат ниту во животот, ниту во смртта, извираат низ магливиот здив на ноќта. Како допрва да треба и да учиме да разликуваме сојузник од противник.
Морето не е само сцена туку бојно поле. Додека командаме екипаж и пловиме по немирните води сме мета на пиратски флоти, на гигантски кричерства и на самата водна сила.
А далеку од отвореното море, политиката на Saltmarsh е како ладен бран – непредвилива и често смртоносна. Градот е поле на интриги каде пиратите се само врвот на ледениот брег. Чиновници со тајни агенди, трговски синдикати со свои правила и предавства што демнат од сенките ќе нé научат дека довербата е најголемата валута во Saltmarsh.
Ова не е обична морска авантура. Со Ghosts of Saltmarsh, ги откриваме морињата полни со легенди и стравови, по секој одбран пат се заканува нова катастрофа, а секој успех, да, отвора нова врата, но и нова закана. Непредвидливите водни струи носат приказни кои допрва треба да се распостелат, но единствено храбрите би можеле да ги испишат.
Ќе ја бараме ли славата? Или ќе станеме уште име однесено од брановите?
-
Glimmerglass
01.000,00 ден“Clarity reveals all truths, yet within its perfection lies a glimmer of mystery. To see clearly is to dream boldly.”
Glimmerglass – прозорец кон свет на неограничени можности. Носат чистота и јасност, рефлектираат блесок на сончеви зраци, како да се самите врежани во кристалот. Инспирирани се од магичните води на Faerûn, и затоа самите се капки чистота, облеани со таинствени искри магија.
Создадени се за оние кои не се плашат да погледнат подлабоко. За оние во потрага по вистината, по јасноста и по совршеноста на својата магија. Мајсторот на предвидувањето, Divination Wizard-от, беспрекорно им ја сфаќа силата. Секој рол му шепоти за судбина, му отвара нови врати. И нема мистерија што не може да ја открие или пак иднина која не може да ја види.
-
Glitter Gold/Silver, 7-Die Set
0680,00 ден“In the depths of my lineage, the power of the golden dragon courses through my veins. With each spell I cast, the might of ancient wyrms awakens, their fire tempered by wisdom. My magic is as radiant as their scales, and just as unstoppable.”
Самиот дом на златниот змеј во пукнатините на Serpent Hills поседува магија. Таму и се леат овие коцки, во древна, змејска тврдина од каде златниот змеј има сподобност да погледне во иднината. Во раце на Sorcerer, Draconic Bloodline, секој рол е змејски бласт – блескав, деструктивен, низмерно силен.
И ова не се само коцки, туку оган кој никогаш не згаснува, спомен на бројни пеплосани кралства.
-
Glitter Gold/Silver, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Glittering gold, sparkling bright,
These dice are a treasure, pure delight.
Small but fierce, with fortune bold,
Roll them once, and watch fate unfold.”
Идеални за:
Fireball – како да ја испраќате оваа моќна експлозија од директно од центарот на Сонцето;
Persuasion – многу лесно освојување на срцата и умовите, без разлика дали преговарате, лажете или чисто се забавувате;
Mace – феноменален рол за тежок, блескав удар и понатамошно раскажување на истиот, со добар ејл;
-
Glitter Ruby/Gold, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Ruby glint and golden gleam,
Tiny dice, but quite the scheme.
They shimmer bright, but strike with might,
Roll them once and end the fight.”
Идеални за:
Scorching Ray – метата секогаш ќе биде надената; трите зрака ќе бидат беспрекорно испорачани и смртоносни, со гаранција;
Stealth – леснотија и брзина во секој чекор, совршени за невидливост и нечујност во просторот;
Shortsword – елегантен, но моќен удар за мајсторски напади и максимален демиџ;
-
Glory of the Giants
03.460,00 денВо свет каде планините чекорат и земјата трепери, моќта добива ново значење. Glory of the Giants нè носи во царство на величествени суштества, огромни колоси кои не се само митови туку жива, разурнувачка сила што го обликувала светот наоколу.
И ова не е само приказна за нивната физичка моќ. Ова е хроника за нивната култура, нивните богови и нивната вечна борба за доминација. Од планинските врвови до длабоките долини, џиновите владеат со простори каде смртниците се само привремени посетители. Но, ние сме секогаш оние кои се осмелуваат да ги предизвикаат.
Не листаме низ обична збирка за монстери. Glory of the Giants е водич низ историјата и обичаите на џиновите, нивните ритуали, нивната верба и нивните постојани конфликти што се протегаат низ милениуми.
Секој судир со нив е епски – од оној личниот со овие величествени титани кои ја држат самата земја под своја контрола, до оној со нивните моќни потомци, чии сили ги надминуваат границите на смртните.
И тука лежат најдраматичните и најопасни терени во овој свет. Џиновите не владеат само со земјата, туку и со небото и морето, со снежните врвови од каде се симнуваат frost giants и со вулканите полни со fire giants.
Влегуваме во свет каде секој чекор може да помести хоризонт. Време е да се пресретнеме со џиновите и да ги испишеме имињата меѓу легендите.
-
Glory of the Giants – Alt Cover
03.460,00 денОва издание на Glory of the Giants е е уметнички колос што ги одразува величината и моќта на гигантите. Успева детално да го оживее светот на џиновите со извонредна, вистинска почит кон овие древни суштества. Совршено за колекционери и авантуристи кои сакаат нивната книга да изгледа толку епски како и приказните што чекаат внатре.
Во свет каде планините чекорат и земјата трепери, моќта добива ново значење. Glory of the Giants нè носи во царство на величествени суштества, огромни колоси кои не се само митови туку жива, разурнувачка сила што го обликувала светот наоколу.
И ова не е само приказна за нивната физичка моќ. Ова е хроника за нивната култура, нивните богови и нивната вечна борба за доминација. Од планинските врвови до длабоките долини, џиновите владеат со простори каде смртниците се само привремени посетители. Но, ние сме секогаш оние кои се осмелуваат да ги предизвикаат.
Не листаме низ обична збирка за монстери. Glory of the Giants е водич низ историјата и обичаите на џиновите, нивните ритуали, нивната верба и нивните постојани конфликти што се протегаат низ милениуми.
Секој судир со нив е епски – од оној личниот со овие величествени титани кои ја држат самата земја под своја контрола, до оној со нивните моќни потомци, чии сили ги надминуваат границите на смртните.
И тука лежат најдраматичните и најопасни терени во овој свет. Џиновите не владеат само со земјата, туку и со небото и морето, со снежните врвови од каде се симнуваат frost giants и со вулканите полни со fire giants.
Влегуваме во свет каде секој чекор може да помести хоризонт. Време е да се пресретнеме со џиновите и да ги испишеме имињата меѓу легендите.
-
Green/White Translucent, Mini 7-Die Set
0390,00 денSmall and green, but don’t dismiss,
A rogue’s quick hand won’t miss.
With speed and stealth, a cunning blade,
These tiny dice are deals well made.”
Идеални за:
Sleight of Hand – беспрекорна прецизност и брзина во најделикатните ситуации;
Poison Spray – максимален гасовит, отровен, онесвестувачки демиџ;
Shortsword – ефективен и неочекуван удар во моментите кога е најпотребен;
-
Guildmasters Guide to Ravnica – Map Pack
01.500,00 денRavnica е метрополата што не познава граници, каде магијата и моќта танцуваат низ улиците и кулите што се издигнуваат високо над облаците. Ова е градот кој никогаш не спие, каде илјадници жители секојдневно ги следат своите патеки низ политичките игри што ги обликуваат деветте еснафи на градот.
Пред нас имаме повеќе ресурси одошто би можеле да искористиме на една сесија, но сѐ е патоказ низ срцето на Ravnica’s Tenth District – центарот на моќ, трговија и мистерија.
И да се изгубиме низ тесните улички на Undercity каде еснафот Dimir секогаш демне во сенките, или низ грандиозните булевари на Precinct One, дом на Azorius Senate, каде законите се впишуваат длабоко во ткаенината градот, што има врска.
Пред нас е материјал испреплетен со инфорации и детали кои, практично, ќе ги оживеат скапоцените реликвии на Gruul Clans или интелектуалните вртлози на Izzet League. Секој дел од градот е мапиран и подготвен.
Пред нас се испишани приказните на еснафите. Со помош на dry-erase markers се следат движењата додека се истражува Selesnya Conclave или се подготвуваат магиски експерименти во лабораториите на Simic Combine, или се влегува во самото срце на тајните операции на Orzhov Syndicate!
Секој агол на Ravnica е мапиран, без разлика дали сме во улога на DM или плеер.
-
Guildmasters’ Guide to Ravnica
02.880,00 денДобредојдовте во Ravnica, град кој пулсира со магија и политика, каде високите кули и испреплетените улици се дом на моќни еснафи кои ги контролираат сите аспекти на животот. Во Guildmaster’s Guide to Ravnica, карактерите влегуваат во уникатен свет на постојани интриги и ривалства, каде секој еснаф има своја визија за иднината и своја моќна мрежа на сојузници и непријатели.
Оваа книга, покрај тоа што е извор на информации, е и клуч за разбирање на сложените односи и игри на Ravnica. Дали дел од партито ќе се приклучи на моќниот Azorius Senate, или ќе го следи слободниот дух на Gruul Clans? Секој избор носи свои предизвици и можности.
Од магиите на Izzet League до темните манипулации на Dimir, Guildmaster’s Guide to Ravnica истражува десет еснафи. Карактерите имаат богат избор за креација на нарав со длабока лојалност, но и со скриена агенда.
Уникатен е светот, полн со живописна култура. Ravnica е град што никогаш не спие. Секоја улица, секоја зграда и секој еснаф има своја историја и своја цел. Политиката и магијата се нераскинливо поврзани, и внимание е потребно на секој чекор.
Моќни ритуали и скриени агенди се сеприсутни. Guildmaster’s Guide to Ravnica е патоказ за преживување и доминација во град каде сојузите може да се претворат во предавства за миг.
Или ќе се прегрнат можностите на Ravnica, или ќе се потоне во сложените мрежи на моќ и интриги.
-
Halfling Female Fighter – Nolzur’s Mini
0380,00 денТука е и Пени, храбра халфлинг фајтерка, подготвена за освојување кампањи – само чека да ѝ дадете живот со вашата четка. Нејзината маленкост никогаш не е за потценување.
Секој халфлинг има природен дар за Lucky моменти. Тргне ли нешто наопаку (како критикл фејл), единственото што Пени би направила е слатко преролување на D20-ка и обид за нова среќа. Да бидеме реални, храброста на оваа борка не може да биде заплашена од монструмите на Faerûn.
Овој искусен борец владее со разни маневри – мајстор за Riposte, секогаш подготвена да возврати удар кога непријателот е премногу самоуверен. А ако стане густо, активира Second Wind и прилично се освежува, подготвена за камбек со двојно поголема решеност.
-
Hobgoblin Warband – D&D Icons of the Realms
03.090,00 денДелува смешно, но дај да размилиме дали е паметно да ја предизвикуваме дисциплината и стратегијата на Hobgoblin војската? Пред нас е силата на Hobgoblin Warband – секој војник трениран за жестоки битки и организирани напади.Двајца елитни Hobgoblins се првите во линијата на напад, следени од моќниот Hobgoblin Devastator, способен за канализирање на колку-толку магија и прчкосување од далечина. Hobgoblin Iron Shadow е вистински мајстор на сенишни заседи, подготвен да парализира секоја закана што ќе се обиде да избега. Главен е Hobgoblin Captain, а на чело на целата армија стои моќниот Hobgoblin Warlord. -
Hot Pink – Eclipse 11
0930,00 ден“With a flick of the wrist and a spark of creativity, I turn the impossible into reality. The world is my workshop, and there’s no limit to what I can craft. Magic? Technology? Why not both! Watch closely, and you might just learn a thing or two.”
Во работилниците на Lantan, каде науката се испреплетува низ креативноста и магијата, најбистрите умови ги создаваат овие коцки. Живата, пулсирачко розова боја ја одразува инвентивната природа на оние кои никогаш не се задоволни со обичното. Во рацете на гном Artificer, секој рол е ново откритие, нова комбинаторика, ново лудило.
Овие коцки не се само алатка – тие се сојузник во новите креации.
-
Hydra – D&D Icons of the Realms
03.360,00 денАвантуристи! Пред вас стои древен кошмар на Faerûn…
Хидрата. Пет глави ве гледаат гладно, секоја подготвена да ви го направи денот многу, многу полош. Мислите дека би можеле да отсечете една и да завршите работа? Заборавете! Се надевам дека Паладинот е подготвен за повеќекратен Divine Smite, затоа што еден не би значел крај. Дали Визардот и Клерикот имаат подготвено доволно спелови? Да видиме…
Ова не е обична минијатура; ова е монструозен предизвик што ќе ве тестира до крајни граници. Hydra од WizKids Icons of the Realms колекцијата, со детален, колоритен финиш, е совршен катализатор за незаборавен комбат. Ова не е монстер за слабите; ова е легенда што крева огромна паника.
-
Icewind Dale – Vinyl Map
01.900,00 денНадвор од суровата зимска тишина и под бескрајното сивило на облаците, Icewind Dale е дом на древнa моќ, заборавени цивилизации и битија што ја дефинираат дивината.
Reghed Glacier, недостапен и непредвидлив, го чува својот злобен дух и ги предизвикува оние што се осмелуваат да се приближат. Некаде под ледената површина се слушаат шепоти, остатоци од времето на Netherese, кои изгубиле во борбата со магијата. Оние кои тргнале по патот кон Revel’s End, познатиот затвор на далечниот север, го осетиле вкусот на стравот.
Низ тивките планини во близина на Kelvin’s Cairn движат дворфови, елфови, барбаријанци, гордо застанати пред своите домови наспроти суровата околина. Auril the Frostmaiden, ги брца своите замрзнати прсти на секоја патека. Гневот и се чувствува како завеан ветер и најладниот допир некогаш осетен.
Тука, не постои само една вистина. Icewind Dale е место каде легендите се ипишуваат на мразот, а судбината е замрзната во времето, чекајќи ги храбрите.
-
Icewind Dale Rime of the Frostmaiden: Frost Giant – 2D Set
0910,00 денДобредојдовте во ледените пространства на Icewind Dale, каде замрзнатите ветришта, покрај студ, носат и легенди. Пред вас стојат едни од најмрачните и најопасни суштества на Северот, секое од нив подготвено да ви го замрзне здивот. Од моќниот Frost Giant, издигнат над сè, до мистериозната Cold Crone, чии магии носат неизмерлив студ.
Во комбат би се соочиле со сè – од Goliath Werebear, кој го пренесува студот и бесот со својата форма, до Tekeli-li, замрзнатиот хорор кој лази низ сенките. До вас е и Xardorak Sunblight, дуергарот кој ја бара моќта на северните мразови, и не заборавајте го Winter Wolf, чиј леден здив би ја запечатил судбината на оној што ќе му се приближи.
Овој 2D сет е идеален за Rime of the Frostmaiden кампањите – лесен за поставување и исполнет со илустрации, носејќи ги овие ледени суштества на теренот, без никаква жртва на деталност и со трепет од студ.
-
Iridized Crystal Dark Blue, Glass Stones Tube
0280,00 денIridized Crystal Dark Blue – нијанса што DM-от би ја искористил кога сака да делува смирено во моменти кога најмногу треба да сме извадени од памет.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Iridized Crystal Green, Glass Stones Tube
0280,00 денIridized Crystal Green – Нијанса што изгледа мирно, сè додека не сфатиме дека е нијансата на Poisoned condition.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.