-
Jet Black – Eclipse 11
0930,00 ден“From the darkest corners, I emerge. Shadows cling to me like a second skin, their whispers filling my mind with forgotten secrets. My magic is not born of light but of shadow itself, and where I walk, the darkness follows.”
Oбликувани во длабочините на Shadowfell, каде светлината е само спомен и мракот владее, овие коцки го отсликува мистичниот извор на моќ на Shadow Sorcerer. Во негови раце, секој рол е моќ на прозивање на сенките, на контролирање, на менување на светот околу вас во вистинска, непродорна темнина.
Овие коцки не се само алатка – тие се конекцијата со Shadowfell, каналот за манипулација на мракот, по вашата волја.
-
Journeys Through the Radiant Citadel
02.880,00 денНекои приказни започнуваат во мракот, но не и овие. Radiant Citadel е светлина што ги привлекува изгубените и нераскажаните од далечните ѕвездени патеки на плејновите. На патување сме, полно со чудесии и мистерии, далеку од познатото.
Radiant Citadel е не само почетна точка за нашите авантури, туку и магичен центар каде судбини се плетат. Ова е жив град, изгравиран во магичен кристал, чии патишта водат до незамисливи локации – секоја со своја култура, митологија и вистина.
Патуваме низ толку различни, но истовремено поврзани светови – од живописните фестивали на San Citlán до мистичните храмови на Godsbreath. Влетуваме во социјални интриги, политички сплетки, откриваме древни заклетви што ни ја загрозуваат самата реалност. Потопени сме во културата длабоко всадена во Radiant Citadel. Секој свет ни сервира уникатни традиции, верувања и конфликти, и легендите и обичаи кои не се толку романтични.
Ова е крстопат на плејновите што нè носи подалеку од познатите граници. Предизвиците се тешки, загатките бараат многу од умот, а магијата менува многу. Дом е на многу мејџови и духовни патници кои чекаат да ги споделат своите сознанија. Приказните исткаени од генијални алхемичари до мистериозни чувари на древни тајни се нешто што трајно ќе го запечати нашето патување.
Journeys Through the Radiant Citadel не е само патување низ физички простори, туку и низ богатите приказни што ги одржуваат овие светови живи. Ова е можност за влез во нови културни конфликти.
Ќе си ја најдеме ли судбината во светлините на цитаделата, или ќе се изгубиме во безбројните патеки што ги поврзуваат световите?
-
Journeys Through the Radiant Citadel – Alt Cover
02.880,00 денОва не е само уште едно издание на Journeys Through the Radiant Citadel – ова е уметност. Корицава ја одразува волшебната светлина на Цитаделата во целост, и ова издание е дизајнирано да биде нешто повеќе од книга – ова е духот на чудото и мистеријата што ја обвиткуваат оваа магична локација, носејќи ново ниво на магија и престиж за оние кои ја имаат во раце.
Некои приказни започнуваат во мракот, но не и овие. Radiant Citadel е светлина што ги привлекува изгубените и нераскажаните од далечните ѕвездени патеки на плејновите. На патување сме, полно со чудесии и мистерии, далеку од познатото.
Radiant Citadel е не само почетна точка за нашите авантури, туку и магичен центар каде судбини се плетат. Ова е жив град, изгравиран во магичен кристал, чии патишта водат до незамисливи локации – секоја со своја култура, митологија и вистина.
Патуваме низ толку различни, но истовремено поврзани светови – од живописните фестивали на San Citlán до мистичните храмови на Godsbreath. Влетуваме во социјални интриги, политички сплетки, откриваме древни заклетви што ни ја загрозуваат самата реалност. Потопени сме во културата длабоко всадена во Radiant Citadel. Секој свет ни сервира уникатни традиции, верувања и конфликти, и легендите и обичаи кои не се толку романтични.
Ова е крстопат на плејновите што нè носи подалеку од познатите граници. Предизвиците се тешки, загатките бараат многу од умот, а магијата менува многу. Дом е на многу мејџови и духовни патници кои чекаат да ги споделат своите сознанија. Приказните исткаени од генијални алхемичари до мистериозни чувари на древни тајни се нешто што трајно ќе го запечати нашето патување.
Journeys Through the Radiant Citadel не е само патување низ физички простори, туку и низ богатите приказни што ги одржуваат овие светови живи. Ова е можност за влез во нови културни конфликти.
Ќе си ја најдеме ли судбината во светлините на цитаделата, или ќе се изгубиме во безбројните патеки што ги поврзуваат световите?
-
Jungle Hex
01.000,00 ден“In the heart of mystery lies precision, and in the precision, there is power waiting to be unleashed.”
Jungle Hex зборуваат за темнината обвиена со енергија – коцки со длабока црна боја која со себе ја влече моќта на таинственото. Зеленкастите честички да ги земеме како сигнал на непозната димензија кој дополнително ја нагласува мистерија околу нив, и љубопитноста за нив.
Се разбира дека се креирани за оние кои знаат дека сенките не се само засолниште. Совршени за авантуристи кои се потпираат на стратегија и суптилност – за Arcane Trickster во постојана потрага по балансот меѓу магијата и интригата, или пак некој кој со амбиција и задволство би се впуштил во истражување на сите слоеви на реалноста.
Jungle Hex се симбол на интелект што го носат хероите кои мислат пред да дејствуваат.
-
Keys from the Golden Vault
02.280,00 денДобредојдовте во свет на кражби од висок ризик, каде златото го бараме зад запечатени врати со беспрекорни заштитни магии. Keys from the Golden Vault е за оние кои живеат за трепетот на планирање совршен удар, каде секоја акција мора да биде прецизна, а секој чекор внимателен. Очигледно, ова не е место за обични херои, туку за оние кои знаат дека понекогаш најголемиот успех лежи во совршено изведено престапување на законот.
Пред нас е плен од голема вредност, но не и без уште поголем предизвик. Ударов кој сме во процес да го изведеме бара планирање, инфилтрација и совладување на магични бариери преку маестрални чувари.
Тимска стратегија и тактика ни е потребна за да го имаме совршениот тим. Успехот не лежи само во оружјето и спеловите, туку и во интелектот, креативноста и умешноста да се соочиме со, наизглед, невозможните задачи. Без добар план, сме на пат кон катастрофа.
Мисионерски приказни и морални дилеми носат одлуките што ги правиме по патот. Пленот е волшебен артефакт или древен, страшно доверлив документ кој отвора прашања за нашата лојалност. Ќе прекршуваме правила или ќе делуваме со интегритет?
Keys from the Golden Vault не е само авантура, туку и вештина. Ова е свет каде за успех е потребно нешто повеќе, каде понекогаш е јасно дека најдобриот пат е оној, незабележливиот.
Дали сме спремни за пробивање врати, сефови и тајни?
-
Keys from the Golden Vault – Alt Cover
02.880,00 денПрвиот впечаток е најчесто решавачкиот и ова алтернативно издание на Keys from the Golden Vault е создадено за да остави магична трага. Корицата ја отелотворува енигмата и интригата на најголемите кражби и го први ова издание ретко како пленот скриен зад златните врати. Совршено за колекционери и авантуристи кои не бараат едноставна приказна, туку и дело кое го слави она мистериозното и недофатливо.
Добредојдовте во свет на кражби од висок ризик, каде златото го бараме зад запечатени врати со беспрекорни заштитни магии. Keys from the Golden Vault е за оние кои живеат за трепетот на планирање совршен удар, каде секоја акција мора да биде прецизна, а секој чекор внимателен. Очигледно, ова не е место за обични херои, туку за оние кои знаат дека понекогаш најголемиот успех лежи во совршено изведено престапување на законот.
Пред нас е плен од голема вредност, но не и без уште поголем предизвик. Ударов кој сме во процес да го изведеме бара планирање, инфилтрација и совладување на магични бариери преку маестрални чувари.
Тимска стратегија и тактика ни е потребна за да го имаме совршениот тим. Успехот не лежи само во оружјето и спеловите, туку и во интелектот, креативноста и умешноста да се соочиме со, наизглед, невозможните задачи. Без добар план, сме на пат кон катастрофа.
Мисионерски приказни и морални дилеми носат одлуките што ги правиме по патот. Пленот е волшебен артефакт или древен, страшно доверлив документ кој отвора прашања за нашата лојалност. Ќе прекршуваме правила или ќе делуваме со интегритет?
Keys from the Golden Vault не е само авантура, туку и вештина. Ова е свет каде за успех е потребно нешто повеќе, каде понекогаш е јасно дека најдобриот пат е оној, незабележливиот.
Дали сме спремни за пробивање врати, сефови и тајни?
-
Kryn Dynasty & Xhorhas: Factions of Wildemount – Critical Role (Box Set)
03.060,00 денДобродојдовте во мистичниот и темен свет на Kryn Dynasty, каде времето и гравитацијата не функционираат како во другите делови на Exandria. Влегуваме во срцето на Xhorhas, земја на чудни суштества, моќни спелкастери и воини кои ги контролираат мрачните уметности на Dunamancy.
Пред нас е Lotusden Halfling, маленкоста со голема врска кон природата, но не дозволувајте големината да ве излаже. Тука е и Dark Elf Rogue, мајсторот на сенките, секогаш подготвен да пробие низ бариерата на непријателот. Барате нешто навистина уникатно? Тука е Echo Knight и неговиот моќен Echo двојник – едноставно контролира повеќе од едно тело на бојното поле.
Trader of Kryn и Kryn Noble носат своја приказна од источното крајбрежје, а Graviturgy, Chronurgy, и Dunamancy Wizards ќе ви овозможат пристап до мистичните и забранети уметности што ја манипулираат самата реалност. Нивната магија е навистина нешто што може да го смени текот на секоја битка, секоја авантура, и сечија судбина.
-
Lemon Yellow – Eclipse 11
0930,00 ден“In the warmth of the light, I find purpose. Every breath I take is a gift, and every soul I heal, a reminder of the divine grace I channel. Where others see death and despair, I see life waiting to be renewed.”
Се разбира дека овие коцки се благословени од Lathander под чија светлина сè се раѓа одново. Светло жолтата боја го отсликува сјајот на зората и надежта која со себе ја носи Cleric од Life Domain и Lathander кристално го слуша повекот за моќ која лекува, благословува, исцелува и носи живот онаму каде владее мрак.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на Латандерски блес, сојузник во борбата за животот.
-
Lime Green – Eclipse 11
0930,00 ден“The wilds are my home, and I am its protector. Every rustle in the leaves, every breeze that passes through the trees, they speak to me. With bow in hand, I am the silent hunter, always one step ahead of my prey.”
Обликувани под дебелите сенки на Neverwinter Woods каде магијата е испреплетена со природата, а шумата живее како едно, овие коцки се создаваат под заштита на Emerald Enclave. Во рацете на Ranger (Hunter), се совршен спој на инстинкт и умешност, одразувајќи ја тишината на ловецот и прецизноста на стрелецот. Секој рол е пуштена стрела, воден од интуиција, секогаш во центарот на вистинската цел.
Овие коцки не се само алатка – тие се поврзаност со древноста на шумата, вашето будно око, вашиот повеќе од успешен, Survival Check.
-
Luminary Sky/Silver, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Glimmer of sky, flash of steel,
These dice know the secrets you conceal.
Small in size but sharp as fate,
Roll with intent, before it’s too late.”
Идеални за:
Call Lightning – небесни, молскавични, сили доаѓаат на дефинитивна помош и удираат точно каде треба;
Perception – не постои детал во околината кој би останал неприметен;
Longbow – далечен, многу далечен, прецизен и неверојатно ефективен удар;
-
Lustrous Gold/Silver, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Gold and silver, forged in flame,
These dice don’t play a humble game.
Tiny treasures, bold and bright,
Roll with purpose, strike with might.”
Идеални за:
Scorching Ray – импонзантни огнени зраци со непријатели завиени во пеколен пламен;
Intimidation – доволен е само погледот за другиот да одговори и повеќе од што треба;
Maul – секој замав прави масивен удар, а противникот е непрепознатлив оти останува смачкан;
-
Lustrous Neptune/Grey, 7-Dice Set (with bonus die)
0780,00 денСет за оние кои ја сакаат длабочината, мракот под површината и ударот од темнината.
Neptune Grey е мистериозната боја на морските длабочини со ехо на нешто старо што чека да се разбуди. Светкавата, сјајна завршница додава елеганција — како првиот рол да сме го направиле на палуба во момент кога огромен бран удира во бродот.
Овој сет нема да ни донесе многу пријатели. Не е пожелно да го поседуваат оние кои се плашат од тешки одлуки и оние кои имаат проблем да прговараат со Umberlee.
Ова е сет за играчи кои веруваат дека вистинската сесија почнува откако ќе заринкаме во глечерот.
А бонус d6ката – тоа е свежиот бран.
-
Marble Calcite/Black, 7-Die Set (bonus die)
0780,00 ден“I walk the line between life and death, a shepherd for the souls lost in the void. The grave is not an end, but a transition—one I control with the will of the gods.”
Во древните некрополи на Faerûn, каде животот и смртта се во испреплетен танц, коцкиве ги обликуваат раце на чуварите на гробовите, моќни свештеници од Grave Domain. Нивните благослови лежат во секој рол, носејќи ја тежината на неизбежноста на смртта и кревкоста на животот.
Во рацете на Cleric, Grave Domain, овие коцки не се само алатка – тие се симбол на праведност и последно прибежиште за душите изгубени меѓу световите.
-
Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes
01.500,00 денВо светот на Dungeons & Dragons, секоја авантура носи нов предизвик. Нашиот DМ е водич низ непознатото. Со Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes, би имал толку моќен сојузник и способност да ги постави најимпонзантните кричерства пред нас со таков интензитет и длабочина, оживеани низ приказната.Да речеме дека играчите влегуваат во древна гробница, несвесни за присуството на Allip, чиј шепот може да ги доведе до лудило. Или, можеби, се соочуваат со силата и интелигенцијата на моќниот Yagnoloth.
109 ламинирани картички, детално го преставуваат секое суштество од Mordenkainen’s Tome of Foes, со јасни статистики и прекрасни илустрации. Оваа, не само ДМ-ски практична, туку и визуелна алатка, е дизајнирана да го олесни текот на играта. Потребата од постојано пребарување низ книги е сведена на, речиси, непостоечно ниво, и пристапот до организација и избор е толку олеснат, само за сесијата да тече глатко и возбудливо.
-
Monster Manual 2024
02.880,00 денЧесто, доста често, партито се чувствува подготвено. Одморени се, тактизираат, плават план, острат сечила.
А ти го држиш Monster Manual 2024… што значи дека за вистинската закана сè уште ништо не знаат.
Ова не е само книга со монстери. Ова е митолошка менажерија на теророт, надграденa до совршенство — со над 500 суштества и повеќе од 75 нови хорори, подготвени да го срушат самото чувство на сигурност кај хероито. Од страшно интелигентни arch-hags, до апокалиптички blobs of annihilation, тука веќе не се работи за баланс – туку за легендарност.
Хаосот никогаш не бил толку јасно структуриран. Изданиево ги носи стат-блоковите во ера на функционалност, редизајнирани за брзина, читливост и интуитивност. Ти треба кошмар слетан од небесата сред битка? Повели. Ти треба апдејт на класиците? Primeval owlbears и vampire familiars се спремни – свежи и крајно.
Нови илустрации!
Без разлика дали си ДМ што сака да испрати порака уште при првата средба или архитект на цела, долгогодишна, од епски размери, кампања, ова е твојот гримоар.
-
Monsters D-F: D&D Classic Collection
06.060,00 денИзвлечени од најдлабоките кошмари на Faerûn, овие монструми се подготвени да посеат вистински страв во срцата. Пред нас стојат некои од најозлогласените и најопасните суштества кои некогаш сме ги пресретнале.
Displacer Beast, ѕвер кој ја манипулира реалноста, збунувајќи го секој што се осмелува да го нападне. Во секој напад, борбата е против сопствените очи, додека се обидуваме да го најдеме вистинскиот облик на ова чудовиште.
Ако тоа не е доволно, Doppelganger демне во темнината, подготвен да се трансформира во еден од нас и да разлее сомнеж. Ќе нападне токму кога довербата е најважна, оставајќи нè да се прашуваме кому да веруваме.
Четири Elemental духови, господари на елементите, ја тестираат секоја применета тактика. Секој од нив има посебна моќ и непредвидливи способности, правејќи ја секоја битка вистинска борба за опстанок.
И да речеме дека најжесток меѓу нив е пеколниот Efreeti, духот на огнената стихија. Заедно со него е и двоглавиот Ettin. Едната глава секогаш планира, додека другата, безмилосно делува.
-
-15%
Monsters G-J: D&D Classic Collection
0Original price was: 5.950,00 ден.5.057,00 денCurrent price is: 5.057,00 ден.Монстeриве го преживеале тестот на времето, буквално и сликовито. Потребен е тактичен пристап за борба со овие класични чудовишни легенди подготвени да создадат стратешки, драматичен пресврт во кампањата.
Знаеме дека Ghosts не само што го обесхрабруваат Greatsword-от, туку и самото нивно присуство е ехо на минатото – фрагмент од душа која никогаш не нашла мир.
Гладниот ловец на мртвите, Ghoul, не ја познава границата меѓу животот и смртта. Тој е повеќе од обичен undead, закана што тивко демне под земјата, чекајќи да го нападне секој кој мисли дека безбедноста доаѓа со самракот.
Gorgon е нешто сосема друго – монструм со метални рогови и бронзена кожа, кој црпи моќ од овие елементи и со еден здив може да го претвори непријателот во нешто комплетно различно.
Но, не сите закани доаѓаат од земјата. Griffon, величествен и смртоносен, господар на небото, е симбол на борбата меѓу небото и земјата. Со крилја што го носат кон победата и канџи без милост, не познава пораз.
Harpy, вистински предизвик, заведува со своите мелодии. Но, овој мелос не е обичен звук, туку повик кон пропаст. Доколку го чуеме низ атмосферата, можеби ќе биде предоцна.
Од огнените бездни на Nine Hells излегува Hellhound, крволочниот пес, кој гори и прогонува сè околу себе, претставувајќи голема закана во секоја битка.
Заканите доаѓаат и од длабочините. Hippocampus е господар на подводниот свет, суштество што нè чека под водата, подготвено да нè повлече надолу во неговата територија.
А Imp, кој ни се смее од сенките како отровен бодеж, со вреќа полна со демонски финти, е спремен да го сврти текот на битката со еден удар и смртоносен хумор.
-
Monsters K-N: D&D Classic Collection
05.580,00 денКлучниве фигури кои ги менуваат нашите можности и сеат страв дури и на најискусните, ни доаѓаат од длабоките катакомби до најтемните морски длабочини и се обединуваат на бојното поле.
Kobolds, иако мали и многу досадни, никогаш не треба да се потценуваат. Оваа групирана пакост може многу експедитивно да ни го потроши трпението.
Од другата страна на спектарот е Lich, некогаш моќен визард кој сега контролира магија што го надминала животот. Тој не е само физичка закана – неговото присуство го уништува умот и предизвикува болка што трае.
Lizardfolk, со нивната дива природа и прилагодливост, се мајстори на сурова борба, додека Mind Flayer нé вовлекува во комплетна, неизбежна агонија. Претпазливо, бидејќи овој телепатски кошмар е способен да ни ја исцрпи волјата за борба, ако не и самата душа.
За чиста сила и безмилосност, тука е Minotaur, со својот огромен Greataxe и лавиринтски тактики. Тој не знае за зборот „милост“ и би не избришал од патот со непоколеблива моќ. Ако се најдеме низ водните длабочини, Merfolk ќе ја бранат својата територија со брзина и агилност што тешко можеме да ја следиме.
И потоа хорор приказната продолжува со Mummy, која оживува за да сее проклетство со секој удар, оставајќи нè на тест на времето. Нема лесен спас од нејзината камена тупаница, освен ако не најдеме начин за прекин на древното проклетство.
И, доколку сè уште не е доволно, ќе се соочиме и со Naga – полубожество во форма на змиско суштество, кое не треба да го потцениме. Нејзината контрола врз магијата е неверојатна, а тајните што ги носи – незамисливи.