-
Mosaic Yellow – Festive, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Chaos in color, luck in disguise,
These mini dice hold more than meets the eyes.
Bold in their randomness, sharp in their play,
Trust them… or don’t. Either way, you’ll slay.”
Идеални за:
Thunderwave – максимален демиџ на несреќниците кои се нашле пред моќениов и громотен удар;
Arcana – отворени аркански тајни со прецизност која открива повеќе од окото;
Shortsword – брз и смртоносен удар, прецизни напади кои не оставаат простор за грешка;
-
Mosssquerade
01.000,00 ден“When nature dons its most vibrant attire, even the moss begins to masquerade as magic.”
Каков одраз на прекрасната, секогаш мистична, хармонија помеѓу природата и магијата! Како мов, разигран со светлината на скриен извор, бакнат од утринската светлина, разбуден за да го слави дивото, необичното и скриеното. Како мост помеѓу цивилизацијата и дивината, помеѓу разумното и инстинктивното.
Создадени се за оние кои во потполност ја разбираат моќта и инспирацијата на дивината. Повеќе од очигледно е дека Mosssquerade се совршенство во рацете на древната, друидска сила на природата, или пак на тивката ренџерска моќ. Но, секој би ги почувствувал во целост, без разлика дали е тргнат по патот на откривање нови слоеви на знаење низ природниот свет. Харизмата им лежи во чувството на слобода при секој рол.
-
Mythic Odysseys of Theros
02.880,00 денДобредојдовте во Theros, свет каде боговите не се само набљудувачи, туку активно вклучени во судбината на смртниците. Mythic Odysseys of Theros нè носи на патување каде легендите оживуваат, херои се раѓаат, а богови се интересираат за нивниот успех… или неуспех.
Во оваа кампања, полна со митологија, секој чекор е исполнет со божествено влијание, а секој комбат е дел од поширока космичка игра во која сме избраници, создадени да го обликуваме текот на историјата.
Во Theros нè чекаат предизвици што бараат повеќе од храброст. Со благослови или проклетства, исполнуваме судбоносните задачи кои ја менуваат иднината. Легендарни се приказните кои ги пишуваме – од пресрети со монстери до решавање политички конфликти. Пред нас, излезени директно од митологијата, заканата ја носат хидрата, минотаурот, величествената сфинга, дојдени да ги тестираат нашите граници.
Можноста да станеме шампион на бог, избрани да ја спроведеме неговата волја, е голема. Но, благословот често доаѓа со цена – непредвидливи се, и она што денес е подарок, утре може да биде нешто сосема спротивно.
Дополнително, Theros е свет на моќни градови-држави, секоја со своја култура, богови и амбиции. Ќе мора да се снаоѓаме помеѓу ривалските полиси на Akros, Meletis и Setessa.
И чудесните артефакти и легендарни оружја не изостануваат. Дел се од митовите и имаат своја волја, големина и одговорност.
Во Mythic Odysseys of Theros сме длабоко навлезени во древните приказни и божествените интриги. Ќе излеземе ли од сенката на боговите за да создадеме своја легенда?
-
Nebula Dark Blue/White, 7-Die Set
0680,00 денКоцки кои изгледаат како тивка ноќ пред нешто големо да се случи. И обично тоа нешто, многу често е нашиот следен рол.
Сетов се чини како темносино дно на бескрајно море, но под зрак на полна месечина. Секој контакт со било која коцка од сетот се чини како да допираме предвидување – можеби не секогаш прецизно, не удобно, но доволно да нè натера да си речеме, „Ммм, ова ќе биде интересно“.
Зрачат на магија која се шепоти и не се објаснува, на договор склучен со тивок поглед, без збор, на оној момент кога целото парти знае дека некој лаже, но сите одбиваат да застанат бидејќи сакаат драма многу повеќе од логика.
Предвидени се за оние кои се темелат на мистерија, за оние кои живеат на границата меѓу храброст и чиста, инстиктивна глупост, дури и за DM-и кои сакаат драматична пауза.
Темносиното е спокој. Белото е предупредување. Сетот е рамнотежа меѓу двете, што го прави секој рол мал трилер.
-
Nebula Gelatinous/White, 7-Dice Set (with bonus die)
0780,00 денКоцкиве бараат Con Save пред да ги допреме. Ова е сет изваден од стомакот на Gelatinous Cube кој, за чудо, за промена, решил да биде великодушен со авантуристите. Ги имаат и манирите на Gelatinous Cube: бавни, тивки, со „без брзање, ќе те стасам“ присуство.
Во многу концентриран простор, пулсира зелена маса која се чини дека проголтала три неуспешни спела на визард, School of Transmutation.
Коцките имаат dungeon goo естетика. Предвидени се за оние кои тврдат дека Ooze се дел од природниот циклус. Се тркалаат како контролирана хемиска реакција – не драматично, но со решителен, зелен реализам.
-
Nebula Luminary Nocturnal/Blue Mini Polyhedral 7-Die Set
0390,00 денОвој минијатурен сет изгледа е собран од длабоките џебови на ноќта, од каде светлината бега, а магијата зуи.
Темни, а блескави, извалкани во прашина што фршти во мрак како да роламе во Astral Sea каде секоја искра е закана или ветување.
Ова се коцки за оние кои чуваат резервен спел во најмалиот можен формат, за оние кои вистински веруваат дека „мини“ апсолутно не значи „помалку опасно“.
И што е најбитно? Судбината не знае дека се мини.
-
Nostalgia Opaque, GM & Beginner Player, 7-Die Set
0290,00 ден“In the swirling mists of time, I see all that was, all that is, and all that will be. Fate is not fixed, but with the right vision, it can be shaped.”
Овие коцки го земаат првиот здив во тишината на Candlekeep, бастионот на науката, каде мудрост лежи во најголемата колекција на збирки, томови и скролови во Faerûn. Создадени се за оној кој поаѓа по патот на знаењето, кој шепоти за древни ритуали, за испреплетени магии кои го обликуваат светот. Во рацете на Wizard, School of Divination, ќе претскажат настани, ќе создадат иднина и ќе ги донесат сите одговори.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на визијата, на древната сила на архивите на Candlekeep.
-
Oxi Copper/White – Marble, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Copper green, worn with time,
These dice hold secrets in their prime.
Small but ancient, forged in stone,
Roll them well, and claim your throne.”
Идеални за:
Searing Smite – максимална оштета со врелата огнена фурија на следниот удар по активирање на спелот;
Insight – мудроста за кристално читање на намерите на другиот е неприкосновена со ролот;
Flail – маестрален замав, непрекината сила – нема бегање од железниот синџир
-
Pacific Blue – Eclipse 11
0930,00 ден“The tides flow through me, carrying the wisdom of the oceans and the power of the waves. I am the sea’s guardian, protector of the shores, and with every spell, I summon the might of the water to heal, to cleanse, and to destroy.”
Од длабочината на Sea of Fallen Stars испливуваат овие коцки, обликувани од чиста морска есенција која пулсира со живот и магиското својство на водата. Во рацете на Water Genasi Druid (Circle of the Coast) се нескротлива сила, брановита моќ, дива морска струја, магија која го обновува брегот, но и потпопот кој може сé да сотре.
Овие коцки не се само алатка – тие се врска со морето, симбол на бескрајната моќ на океанот, но и силата која може сѐ да преобликува, за миг.
-
Pathfinder Battles: Goblin Vanguard
03.100,00 денАко некогаш сте си рекле: „Како да ни требаат повеќе проблеми на масата“ — еве ви го одговорот. Goblin Vanguard е сè што сакате и не поднесувате од гоблини: гласни, смрдливи, лути, преполни со идеи од кои сите се секогаш – лоши.
Овој премиум сет носи 6 детални, веќе бојадисани минијатури кои може да ги употребите како бандити или пак армија излезена од магичен… дампстер. Секој позира на различен начин, со различно оружје, со доволно карактер за да му оди на нерви дури и на најмилостивиот, мирен и кроток паладин.
Идеални се за воведување на партито во хаос уште од првото село, за креирање на гоблински шамани, или само… жртви, и за задоволството на ДМ-от од самата реплика: „Да, сè уште си постојат. Има уште четворица.“
Но, потребни се, што да кажеме… Ниту еден авантурист не станал легенда без да биде измалтретиран од гоблин, барем еднаш! Затоа, размислете, колку ли се овие подготвени да бидат првиот смдлив чекор на твојата приказна?
-
Phandelver and Below: The Shattered Obelisk
03.460,00 денPhandalin е градче со историја полна со закопани мистерии. Под површината на оваа мирна населба, нешто се буди. Phandelver and Below: The Shattered Obelisk повикува на патување длабоко под земјата каде времето и просторот се извитоперуваат, а древни сили се подготвени да излезат од сенките.
Она што започнува како обична авантура во Phandalin, брзо се претвора во нешто поголемо. Соочени сме со разнишаните фрагменти на обелиск кој не смеело да биде откриен, оти оваа сила би го премостила прагот на самата реалност.
Времето како да е пресечено, како да не тече, исполнето со ехо од минатото. Стари култови, затскриени пактови и портали водат до нови димензии на хаос и заборавени моќи.
Обелискот кој лежи во срцето на авантурата не е само симбол, туку фрагмент од заборавена реалност кој ги менува законите на светот. Што претставува?
Секако, највредните награди лежат длабоко во мракот, но знаеме што ваквите реликвии би донеле. Секогаш е тешка одлуката меѓу нивно поседување и користење, или предавање на друг.
Непредвидливи битки и извртени магии се пред нас. Дали би успеале да ја искривиме дури и својата реалност доколку е потребно? Дали е паметно да се отворат сите врати? Дали сé треба да биде откриено?
-
Phandelver and Below: The Shattered Obelisk – Alt Cover
03.460,00 денОва издание на Phandelver and Below: The Shattered Obelisk е врата кон тајните длабочини на Phandalin, детално обвиено во мистериозна илустрација за она што го откриваме низ авантурата. Оваа колекционерска верзија носи уште подлабоко чувство на предизвик, како приказната да започнала уште пред да ја отвориме првата страница.
Phandalin е градче со историја полна со закопани мистерии. Под површината на оваа мирна населба, нешто се буди. Phandelver and Below: The Shattered Obelisk повикува на патување длабоко под земјата каде времето и просторот се извитоперуваат, а древни сили се подготвени да излезат од сенките.
Она што започнува како обична авантура во Phandalin, брзо се претвора во нешто поголемо. Соочени сме со разнишаните фрагменти на обелиск кој не смеело да биде откриен, оти оваа сила би го премостила прагот на самата реалност.
Времето како да е пресечено, како да не тече, исполнето со ехо од минатото. Стари култови, затскриени пактови и портали водат до нови димензии на хаос и заборавени моќи.
Обелискот кој лежи во срцето на авантурата не е само симбол, туку фрагмент од заборавена реалност кој ги менува законите на светот. Што претставува?
Секако, највредните награди лежат длабоко во мракот, но знаеме што ваквите реликвии би донеле. Секогаш е тешка одлуката меѓу нивно поседување и користење, или предавање на друг.
Непредвидливи битки и извртени магии се пред нас. Дали би успеале да ја искривиме дури и својата реалност доколку е потребно? Дали е паметно да се отворат сите врати? Дали сé треба да биде откриено?
-
Piercers – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
0440,00 денВо длабочините на мрачните пештери, Piercers чекаат од заседа. Нивните камени школки не би ги разликувале од обични сталактити. Дремат и го чекаат правиот момент да се пуштат врз одбраната жртва од висината.
Детектираат топлина и вибрации од огромни растојанија. Совршени замки за секој авантурист кој не гледа нагоре. Дури и кога би ги забележале, нивна способност е да ослободуваат корозивна киселина. Што значи дека се закана и кога се откриени.
Однапред подготвени за бојадисување, овие минијатури даваат можност внес на нова динамика во кампањите.
-
Pink/White Opaque, 7-Die Set
0280,00 ден“With a smile on my lips and secrets in my heart, I weave tales that charm the soul and twist the mind. Beware the words not spoken, for they carry the most dangerous truth.”
Во College of Whispers, каде зборовите се оружје, а тајните валута, овие коцки се обликувани од самите ткаачи на приказните. Идеални би биле за Halfling Bard, College of Whispers, оти секој рол ќе носи моќ да се замати умот на другиот, или пак да се извлече најдлабоката, скриена тајна од сојузникот. Полни се со шепоти и интриги, водени од вешта манипулација и контрола.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на моќта на зборот, на шепотот кој може да промени судбини.
-
Pink/White Translucent, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Pink and clear, with deadly grace,
These dice strike from a hidden place.
Small in size, but fierce in power,
Roll them well, it’s your finest hour.”
Идеални за:
Spiritual Weapon – без разлика дали спектралната форма на оружјето е лижавче, еднорог или шеќерна волна, ударот е деифинивен и критикал;
Persuasion – шарм и убодливост се пуштени на најјако, неодоливи сте за оној кој ве слуша;
Glaive – со долги, остри, маестрални замави, Glavie-от отсега ви е синоним за елегантна разрешка на противникот
-
Planescape: Adventures in the Multiverse
05.380,00 денДобредојдовте во Planescape, каде портите кон бесконечноста се секогаш отворени, а самата реалност е уште една димензија на бескрајниот мултиверзум. Со Adventures in the Multiverse, влегуваме во светот на Sigil, Градот на Портите, каде секоја врата води кон чудо, опасност или заборавена божествена сила. Ова е место каде смртниците и бесмртните се движат заедно, каде цели светови се обликуваат и уништуваат за миг, и каде законите на физиката не важат подеднакво за сите.
Истражуваме длабоко низ Outer Planes, населени со божества, демони и изгубени души, кои тераат своја агенда во вечната борба за доминација. Од енигматските порти на Sigil до далечните чудесни градови на Outlands, она што нè чека е подеднакво неизвесно колку што е величествено.
Боговите го следат секој чекор од далеку. Можноста да ја доведат нашата умешност на тест е огромна, можноста демонот да се обиде да ја открие нашата слабост – уште поголема, и можноста да се вплеткаме во заговори кои ја надминуваат границата на животот и смртта додека сме расшетани низ плејновите – е загарантирана.
Сетот содржи:
- Sigil and the Outlands: 96-страничен прирачник за кампањата што ги претставува Sigil, Градот на Портите, и Outlands, срцето на Outer Planes
- Turn of Fortune’s Wheel: 96-странична авантура поставена во Sigil и Outlands, дизајнирана за карактери од 3 до 10 левел
- Morte’s Planar Parade: 64-страничен бестијар на живописниот и застрашувачкиот свет на Outer Planes
- Постер мапа на Sigil и Outlands: Двострана постер мапа на Sigil и Outlands, која може да се користи како авантуристичка локација или како кампањски центар за патувања низ плејновите
- DM Screen: Четири-панелен екран за DM украсен со уметнички приказ на Planescape сетингот
-
Planescape: Adventures in the Multiverse – Alt Cover
05.380,00 денОд првиот поглед, ова алтернативно издание на Planescape отвора врата кон бескрајниот мултиверзум. Со уникатни корици на сите три книги и ДМ скринот, ова сет-издание е само по себе патување низ димензии. Портите на Sigil, мистериите на Outlands, и бескрајните можности на плејновите оживуваат преку внимателниот дизајн.
Добредојдовте во Planescape, каде портите кон бесконечноста се секогаш отворени, а самата реалност е уште една димензија на бескрајниот мултиверзум. Со Adventures in the Multiverse, влегуваме во светот на Sigil, Градот на Портите, каде секоја врата води кон чудо, опасност или заборавена божествена сила. Ова е место каде смртниците и бесмртните се движат заедно, каде цели светови се обликуваат и уништуваат за миг, и каде законите на физиката не важат подеднакво за сите.
Истражуваме длабоко низ Outer Planes, населени со божества, демони и изгубени души, кои тераат своја агенда во вечната борба за доминација. Од енигматските порти на Sigil до далечните чудесни градови на Outlands, она што нè чека е подеднакво неизвесно колку што е величествено.
Боговите го следат секој чекор од далеку. Можноста да ја доведат нашата умешност на тест е огромна, можноста демонот да се обиде да ја открие нашата слабост – уште поголема, и можноста да се вплеткаме во заговори кои ја надминуваат границата на животот и смртта додека сме расшетани низ плејновите – е загарантирана.
Сетот содржи:
- Sigil and the Outlands: 96-страничен прирачник за кампањата што ги претставува Sigil, Градот на Портите, и Outlands, срцето на Outer Planes
- Turn of Fortune’s Wheel: 96-странична авантура поставена во Sigil и Outlands, дизајнирана за карактери од 3 до 10 левел
- Morte’s Planar Parade: 64-страничен бестијар на живописниот и застрашувачкиот свет на Outer Planes
- Постер мапа на Sigil и Outlands: Двострана постер мапа на Sigil и Outlands, која може да се користи како авантуристичка локација или како кампањски центар за патувања низ плејновите
- DM Screen: Четири-панелен екран за DM украсен со уметнички приказ на Planescape сетингот
-
Planescape: Adventures in the Multiverse – D&D Icons of the Realms
03.320,00 денДобредојдовте во мултиверзумот, каде правилата на обичните светови запираат, а нов поредок – е хаосот. Тука не сме во кофликт единствено со монстери, туку и со сопствените перцепции за пријателите.
Внимавајте! Morte, саркастичниот лебдечки череп има збор за секого (ретко корисен). Shemeshka, опасната „Ravager of Sigil“, плете мрежа од интриги погуста од најмрачните спелови. Да не ги заборавиме и трансценденталните филозофи кои живеат повеќе во своите глави отколку во реалноста.
Колку и да се сметате подговени за предизвик, вакви ликови не дозволуваат да се остане безбеден. Mercykiller Bloodhound ви е спас или проблем додека Fell шепоти тајни од сенките на Sigil.